Кај Пирс Морган расправаше дека сите улоги треба да им бидат достапни на сите сексуалности.
„Мислам дека не треба само геј актери да смеат да глумат геј ликови,“ рече Еверет. „Мислам дека геј актерите треба да играат и стрејт ликови. Мислам и дека некои стрејт дечки имаат одиграно геј ликови одлично.“
Смета дека тоа што објавил дека е хомосексуалец му наштетило на холивудската кариера - инаку на публиката ѝ влегува во радар откако глумеше геј ученик во државно школо во драмата „Друга земја“ во 1984.
Нам ни влегува во радар од Деламорте Деламоре. На светот можеби од „Свадбата на мојот најдобар пријател“.
„Мислам дека прашањето треба да биде ‘зошто геј актери да не можат да добиваат стрејт улоги?‘ Не треба да создаваме правила околу ова. Да, се разбира, супер е што геј актерите, кои историски се мачеа, можат да добиваат повеќе улоги.
Се фрустрирал кога го изгледал Колин Фирт во улога што смета дека требало да биде негова, но сепак, го фали Том Хенкс во Филаделфија, а и Мајкл Даглас и Мет Дејмон во „Зад канделабрата“.
На сличен начин, Хелен Мирен одвали шамар за освестената јавност кога праша „А, смее ли Евреин да глуми неевреин?“
Додека сме кај Руперт Еверет, кој не го гледал St. Trinians, одма уште вечер да го гледа.