Париз и Франција - партали. 800.000 луѓе излегоа пред некој ден на улиците. Жестоки пресметки со жандарите, палења, грабежи на дуќани, упади во институциии. „Како може Французи да ѝ го направат ова на Франција?“, се прави на удрен оној што ни учука вето. Ученици, студенти, жолти елеци, антифа, луѓе, пензионери... Ќе речеш, нема некој кој не протестира. А има.