
И често се случува во ист момент: кога сопругот заминува во пензија.
Причината е делумно финансиска. До 2007 година, разведена Јапонка немала право на дел од пензијата што сопругот ја заработил во текот на бракот, што било сериозна пречка за жените кои со децении биле дома, се грижеле за децата и немале сопствен приход. Со законската промена, поранешната сопруга добива право на дел од пензијата стекната за време на бракот, до половина од износот.
Одеднаш, идеи. Разводот станува економски возможен.
Сепак, парите не ја објаснуваат целата приказна. Мажите од повоената „беби-бум“ генерација во Јапонија израснале со моделот на salaryman: човек кој работи долги часови, останува со колегите на пијачка по работа и дома пристигнува доцна. Успехот се мерел со тоа колку добро ја обезбедува семејната куќа, школувањето на децата и идната пензија. Домашните обврски, пак, најчесто биле женска работа.
Додека мажот бил на работа по 10 или 12 часа, поделбата функционирала. Пензионирањето ја менува ситуацијата преку ноќ.
Сопругот, кој дотогаш бил отсутен поголем дел од денот, одеднаш е дома постојано. Не знае што има за ручек, каде стојат детергенти и кога треба да се исперат алишта. Жената, која со години имала сопствен ритам и обврски, добива уште една личност за која треба да се грижи.
Во Јапонија за таквиот сопруг постои и метафора: nure-ochiba, „мокар паднат лист“ - лист што ќе се залепи за вас и тешко се отстранува. Постои и медицински термин поврзан со оваа појава: „синдром на пензиониран сопруг“. Јапонски психијатар го употребил во 1990-тите, опишувајќи жени кај кои се појавувале различни здравствени проблеми кога сопрузите престанувале да работат - се мачеле со стрес, несоница, главоболки и стомачни тегови.
Една Јапонка му раскажала на советник за односи дека знаела дека бракот ѝ е завршен уште кога ја родила првата ќерка. Сопругот не ги шетал децата, не учествувал во нивното секојдневие и, како што вели таа, никогаш не ја презел улогата на татко во практична смисла. Сепак, останала уште 28 години.
„Морав да мислам на економските тешкотии. Сакав децата да ги испратам на факултет“, вели таа.
Потоа, кога децата пораснале и финансиската ситуација станала посигурна, заминала.
Е сега, добро, од перспектива на сопрузите, сето ова изгледа сурово и подмолно испланирано: да останете заедно додека не дојде пензијата, а потоа да ти земе половина од она што си го заработувал цел живот.
Од перспектива на жените - повеќе од заслужено. Ако сакаш да не работам - добро. Ама ако дојдеш како „мокар паднат лист“, си идам и мора од нешто да живеам.
Веројатно откако ќе потраат, ваквите трендови носат промени во културата на живеење. И тоа е некаква надеж.