Ако ги памтите боите, шљокиците и велелепноста на „Мулен Руж“ од 2001, или од поскоро, „Големиот Гетсби“, тогаш знаете дека имате што да чекате од новиот филм, „Елвис“, без разлика дали сте му фанови на кралот или не.
Трејлерот е полн сјај и бои (како што претпоставивме), Елвис ги зафрла колковите наваму-натаму, додека публиката вреска од обожавање.
Филмот ќе покрие околу 20 години од животот на Елвис и ќе се фокусира на неговото пријателство со менаџерот Том Паркер. Според тоа, може да се заклучи дека го добиваме периодот од средина на ‘50-те до неговата смрт кон крајот на ‘70-те. Лурман има изјавено дека сакал и да поработи на фактот што Елвис има пораснато во една од неколкуте „бели“ куќи во црно маало и како тоа му влијаело на музиката.
Елвис и Присила Присли ќе ги играат Остин Батлер (од „Си беше еднаш во Холивуд“), а Присила е Оливија Дежонг. Во филмот се појавуваат Б.Б. Кинг, Литл Ричард и Џими Роџерс.
И на страна сè ова - видете го Том Хенкс!