"Бев мртов па воскреснав, како што секогаш правам".
Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабe, најголемиот африкански сурвајвор кој печатотот често пати го прогласуваше за мртов. На 92 години планира да се кандидира по 8-ми пат.
"Не ми треба државен удар или слично. Но, ако дојде денот, ќе ги соберам моите луѓе и ќе ги пуштам."
Авганистанскиот потпретседател Абдул Рашид Достум.
"Не знам на која партија ѝ припаѓа жена ми, но таа припаѓа во мојата кујна, дневна и спална соба".
Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари, во изјава дадена рамо до рамо со Ангела Меркел.
"Потењето и црвенеењето од срам ќе биде норма!"
Ванг Кишан, шеф на кинеска анти-корупциска.
"Ако не ја сочуваме и стабилизираме Либија, нема да можеме таму да изградиме гигантски град за мигранти".
Унгарскиот Виктор Орбан, глобално.
"Европа сè уште зборува со еден јазик, но во некои земји тој јазик има премногу руски акцент".
Украинскиот претседател Петро Порошенко.
"Разочарувачки е покрај сите услови кои ви беа овозможени, да не можете да ѝ се оддолжите на татковината".
Гурбангули Бердимукамедов, до олимпијците на Туркемнистан кои не успеаа да освојат ниеден медал во Рио. Вакви и сличи болки Гурбангули знае да залекува подигајќи 70 метарски споменици со својот лик.
"Мислиме дека уште им треба време, ама без разлика кои им се целите, таму напредуваат со брзина која ние не можеме да ја замислиме."
Јужнокорејскиот министер за одбрана, за случувањата на север.
"Само Исус може да ме победи во Бразил".
Екс претседателот на Бразил, Луис Лула да Силва. Се соочува со обвиненија за корупција но не е осуден и може да се кандидира во 2018.
"Политиката треба да ви биде мешавина од вашите интереси и начините на кои доаѓате до нив, сето тоа темелено на вредности. Не може целта да ги оправдува средствата, бидејќи на тој начин за секој криминал и неморал може да се најде оправдување".
Сирискиот претседател Башар Асад, човек со вредности.
"Не гледам чуму сета оваа нервоза?"
Екс претседателот на Естонија, единствениот човек во земјата кој не е вознемирен од сомнежите на Трамп околу оправданоста на НАТО. Бонус гајле: еден од советниците на Трамп, Њут Гингрич, Естонија ја нарече "предградие на Санкт Петерсбург".
"Мачка на автопатот од Фиренца кон морето живее подолго од една италијанска влада".
Матео Ренци, екс премиерот на Италија.
"Со мотор вртев по улиците на Давао и патролирав. Барав и рчка, да се закачиме па да убијам".
Родриго Дутерте, моторџија и претседател на Филипини.
"Тие што се осмелуваат, тие тврдоглавите, варварите, тие го носат светот напред. Ние сме тие варварите".
Бепе Грило, од популистичкото италијанско движење 5 ѕвезди.
"Повторно доаѓа време за национална држава".
Марин Ле Пен, лидерка на франсуската десница.
"Ракувај се со десната но во левата држи камен, како што самите викаат".
Иранскиот ајатолах Камнеи, цитирајќи го Кевин Спејси во House of Cards.
"Брегзит значи брегзит"
Британската премиерка Тереза Меј. За слична тавталогија (со разумниот компромис), овде на Иванов му се насраа и шуто и рогато. Истите не го забележаа и Ван Хојте.
"20-от век беше крвопролевање".
Барак Обама, 44-от претседател на САД
"Можам сам да ги поправам работите."
Доналд Трамп, 45-от претседател на САД.