Данците се тргнаа Дувњак да даде гол за збогум

Убаво заврши мундијалското ракометно финале во Осло, со гол на Домагој Дувњак за конечни 26:32. 36 годишниот член на Кил му гестикулираше на голманот да се тргне по што никој не го спречи Хрватот да се прости од презентацијата со гол во финале. Потоа следуваа и прегратки. Голем гест на Данците.

Дувњак се прости од селекцијата на Хрватска како капитен, голем борец и легенда со вкупно 9 медали (Сребро на ЕП 2008, 2010 и 2020, како и бронза на ЕП 2012 и 2016), (Сребро на СП 2009 и 2025 и бронза на СП 2013) и (Бронза на Олимписките игри 2012). 

Данска е неприкосновена ракометна сила, четврто мундијалско злато по ред

 

2 февруари 2025 - 20:05