Дувњак годишно заработува колку Модриќ за еден месец

Катар во следните две неделни ќе биде збирното место на светскиот ракометен крем, но светските ракометни ѕвезди не може да си ги мерат џебовите со фудбалските.

Ракометот е најтрофејниот хрватски спорт, а нивната селекцијата редовно се враќа со медал од големите ракометни натпреварувања. Но фудбалерите и ракометарите од оваа земја кои стекнаа светска слава тешко може да се споредуваат во примањата.

Дефанзивецот на хрватската фудбалска репрезентација, Ведран Чорлука кој настапува за Локомотив Москва и Дарио Срна од Шахтјор Доњецк заработуваат по 4 милиони евра годишно, а Марио Манџукиќ од Атлетико Мадрид зема нешто повеќе од нив.

Најплатениот хрватски фудбалер во моментов е Лука Модриќ од Реал Мадрид со годишна плата од 5 милиони евра, а најдобар ракометар во светот за 2013-та година е прогласен Домагој Дувњак.

Тој е еден од најплатените ракометари во светот кој заработува во Кил околу 500.000 евра годишно или 10 пати помалку од Модриќ. Во 2009 година тој го направи и најскапиот трансфер кога од Загреб премина во Хамбург за сума од 2,5 милиони евра. Загреб од тие пари како обештетување зема милион евра, а Дувњак заработуваше по 220.000 евра годишно.

Платата на звездата на ракометната репрезентација на Хрватска може да се споредува со најплатените фудбалери во хрватското фудбалско првенство, а таму најплатен е напаѓачот на Динамо Загреб, Фернандес Жуниор кој зема годишна плата од 900.000 евра.