Во епски меч кој ќе се памети, после две продолженија, Хрватска во драматичен финиш ја сруши Норвешка 29:28 и се пласираше во финалето на Европското првенство. Домагој Дувњак со 8 гола беше играч на мечот, Маринко Мариќ постигна 6, Златко Хорват 4, а јунак на крајот беше пивотот Жељко Муса со златен гол на 5 секунди пред крајот.