Со свечено отворање вчера започна СП во Катар, каде домаќинот го совлада Бразил 28:23. Денес стартуваат натпреварите од првото коло во сите групи, а за нас најинтересна ќе биде групата Б, каде ќе се борат нашите ракометари.
Во пресрет на почетокот на СП во Катар, светските букмејкери повторно ги издвоија Франција и Хрватска меѓу главните фаворити за самата завршница. Нивното ракометно ривалство датира две децении.