Каубојците и триколорите стари ракометни ривали

Во пресрет на почетокот на СП во Катар, светските букмејкери повторно ги издвоија Франција и Хрватска меѓу главните фаворити за самата завршница. Нивното ракометно ривалство датира две децении.

Хрватите од 1995. година во континуитет настапуваат на светските ракометни првенства, а турнирот во Катар ќе им биде 11-ти Мундијал. Како и на секое големо натпреварување, така и на ова, репрезентацијата на Хрватска замина со големи амбиции.

Еден од најголемите класици во историјата на ракометот е дуелот Франција - Хрватска, а развојот на ова ривалство е од почетокот на '90-те години. Французите во 1992. година го освоија своето прво меѓународно одличие, бронзен медал на ОИ во Барселона и од тогаш до денес се во врвот на светскиот ракомет.

Од 1993. година започна подемот на Франција на Мундијалите, затоа што во наредните 10 години освоија дури 8 медали на СП. Клод Онеста им е селектор од 2001. година. Жером Фернандез е играч со најмногу настапи за Франција (375) и најмногу голови (1443). Нивен најголем ривал на паркетот во последните неколку две децении години е Хрватска.

Франција и Хрватска имаат 28 меѓусебни средби, од кои 20 на големите натпреварувања, 6 пријателски средби и 2 дуела на Медитеранските игри. Галските петли имаат 16 победи, коцкестите 11, а еден дуел завршил нерешено.

Во четвртфиналето на големите натпреварувања, Франција и Хрватска се сретнале два пати, во полуфинале шест пати, а во финалињата три пати (Франција победи во сите три).

Учинок на Хрватска на големите натпреварувања:
СП: Сребро 1995, злато 2003, сребро 2005, сребро 2009, бронза 2013.
ЕП: Бронза 1994, сребро 2008, сребро 2010, бронза 2012.
ОИ: Злато 1996, злато 2004, бронза 2012

Учинок на Франција на големите натпреварувања:
СП: Злато 1995, злато 2001, злато 2009, злато 2011, сребро 1993, бронза 1997, 2003, 2005.
ЕП: Злато 2006, 2010, 2014, бронза 2008
ОИ: Злато 2008, 2012, бронза 1992

Во Катар, Франција ќе игра во групата Ц со: Шведска, Алжир, Чешка, Египет и Исланд. Хрватска е во групата Б со: БиХ, Македонија, Австрија, Тунис и Иран. Во првото коло, Французите ќе играат против Чешка во петок од 19:00, а Хрватите против Австрија исто во петок од 17:00.

ЕП 2012 (Србија) втор круг: Хрватска - Франција 29:22

СП 2009 (Хрватска), финале: Хрватска - Франција 19:24