Без оглед што ги почитуваме, рецептот за победа е мошне едноставен. Подобри сме од нив и ако играме како знаеме и можеме, сигурно ќе ги победиме, вели капитенот на „коцкестите" кој го игра 14. големо натпреварување во кариерата.
Македонија игра одлична одбрана и напад, а големи заслуги за тоа носи Хрватот Ивица Обрван, селекторот на нашата репрезентација и тренер на францускиот Шамбери. Пред дуелот со Хрватска вели дека не е напнат и дека можеме многу да добиеме со победа.
Откако двете селекции победија на трите воведни средби, утрешниот дуел во Доха ќе биде право балканско дерби кое би можело да биде клучно за првата позиција во групата Б.
Во пресрет на почетокот на СП во Катар, светските букмејкери повторно ги издвоија Франција и Хрватска меѓу главните фаворити за самата завршница. Нивното ракометно ривалство датира две децении.