Откако сфатиле дека и сребрениот медал во силна конкуренција на Европското е огромен успех, хрватските ракометари синоќа решиле да се опуштат во македонскиот ресторан „Свети Никола“ во Загреб. Домаќините се пофалија дека имале можност да ги нагостат „каубојците“ кои се вратиле од Стокхолм.