Македонските ракометари со голема самодоверба и ефикасност го почнаа ланското Светско првенство и нанижаа три победи во низа. Тунис го совладаа 33:25, Иран со 33:31 и БиХ со 25:22.
По еден таков успешен старт апетитите беа големи за четврто славје, но пречка беше силната Хрватска која ни ја сопре серијата со победа од 29:26. Најефикасен на средбата беше Чупиќ со 9 погодоци, а Кире Лазаров одговори со 7. Судијата покажа по 6 исклучувања во двете селекции.
Битката беше тешка и неизвесна особено во првото полувреме во кое бевме подобри, а во 14 минута имавме водство од 9:5. Хрватите поведоа на стартот, а водството го вратија дури на две минута до крајот на првиот дел и на пауза заминаа со +1.
Во вторите 30 минута ја преземаа контролата над играта и резултатот, а највисоката предноста за нив беше +5. По точно една година имаме шанса да ги анулираме на грешките и падот во второто полувреме од тој дуел и да им се одмаздиме на Хрватите.
Најава за вечерашниот дуел
И реприза од ланскиот