Втора младост на Перишиќ, даде голчиште против Франција и го мина Манџукиќ

Хрватска дефинитивно нема балкански менталитет. Таа не размислува како да и парира на Франција, една од најмоќните селекции во светот која заврши прва и втора на последните два Мундијали, туку излегува на терен и ја победува.

Хрватска - Франција 2:0. Резултат за кој сите други селекции од Балкан може да сонуваат. Ништо не е готово, во недела се играат реванш четвртфиналните дуели од Лига на нации, но резултатот за Хрватите е одличен.

Далиќ настапи со добро препознатливата банда составена од Гвардиол, Модриќ, Перишиќ, Ковачиќ, Крамариќ и успеа да слави против моќниот состав на Дешамп кој во Сплит допатува со Мбапе, Дембеле, Муани, Рабио, Чуамени...

Мечот мина во знакот Иван Перишиќ, кој и после скинати лигаменти и оперција, игра во топ форма на свои 36 години. Минатиот месец даде два прекрасни гола и на двете средби против Јувентус во плејофот од ЛШ и го однесе ПСВ во осминафинале.

Овој пат се истакна со асистенција до Анте Будимир, а потоа со прекрасен удар ги постави конечните 2:0. И двата гола паднаа во првиот дел.

Хрватскиот ветеран сега има 34 репрезентативни гола со што го мина Марио Манџукиќ кој има 33. Пред него е само Давор Шукер, кој е прв стрелец во историјата на Хрватска со 45 гола.

Перишиќ сезонава за клуб и репрезентација има неверојатен придонес од 21 гол.

Мбапе симулираше пенал, Модриќ го искара 

21 март 2025 - 08:40