Драматичниот израмнувачки гол на Хрватска против Португалија во 103-тата минута беше поништен поради офсајд, потврден со вградениот сензор на топката по име „Сничко“.
Микрочипот детектирал допир од Игор Матановиќ при нафрлувањето. Овој допир предизвикал офсајд бидејќи неговиот соиграч Марио Пашалиќ бил во недозволена позиција.
Ренато Веига нафрли, топката стигна до Пашалиќ, кој додаде до Гвардиол, а овој погоди за 2:2. Сепак, при нафрлувањето, топката неосетно ја допрел Игор Матановиќ, па така се активирала офсајд позиција на Пашалиќ.
Инаку допирот на Матановиќ не се забележува баш, но според „Сничко“ постоел.
Тоа е вграден сензор во топката кој прецизно ги регистрира сите допири со топката на играчите и во реално време им сигнализира на судиите. Токму поради тој минимален контакт, погодокот на Хрватска за 2:2 беше поништен, а Португалија отиде во осминафинале.
This is a wild new feature- the chip in the ball graph that shows when it gets touched. the NBA is gona have this asap pic.twitter.com/3fSixXuhob
— PFT Commenter (@PFTCommenter) July 3, 2026
Португалија ја исфрли Хрватска во 94-та, драма со ВАР во 90+13