Трите девојки и едното момче се растрчаа на различни страни а редарите за неколку секунди ги скротија и ги изнесоа надвор од теренот. Камерите во преносот ги дадоа натрапниците кои сега најверојатно ќе се соочат со драстични казни.
Станува збор за група млади луѓе кои редовно и пркосат на власта во Русија преку разни герилски акции. Неколку девојки од овој некогашен музички бенд завршија во затвор откако пред неколку години соблечени голи скрнавеле икони во еден од големите световни храмови во Москва, но и поради нарушување на јавен ред и мир за време на избори и други манифестации.
Денешната акција во финалето на Светско ја нарекле „Небесен полицаец“ во чест на 11-годишнината од смртта на големиот руски поет Дмитриј Александрович Пригов кој го создал ликот на “небески полицаец“ во руската култура.
Pussy Riot од власта во Русија бараат ослободување на сите политички затвореници, крај на незаконските апсења на митинзи и протести, допуштање политичка конкуренција во земјата, не фабрикување лаги.
Една од девојките дури успеа и да му се приближи на Килијан Мбапе и да му направи „да пукне“:
Редарите кои имаа задоцнета реакција, ги скротија девојките и момчето и ги исфрлија од теренот. Дејан Ловрен во еден момент беше бесен зошто неговата селекција губеше од времето додека беше во негатива: