Хрватите беа во транс после секој пласман на нивната репрезентација почнувајќи од оној во осминафиналето кога го запалија плоштадот и скокаа во фонтани, ама синоќа го достигнаа врвот во славењето.
Херојската селекција предводена од Златко Далиќ слета на аеродромот во Загреб околу 14 часот и 5 часа се движеше со отворен автобус до плоштадот Бан Јелачиќ каде беше организирана прославата.
Загрепскиот плоштад е оддалечен од аеродромот 25 километри, но автобусот се движеше, тргни - застани. Цел Загреб и цела земја одлепи, а вработените ги пуштале порано од работа за да ја фатат фештата.
Медиумите шпекулираат со разни бројки околу тоа колку луѓе имало на прославата од 200.000 до 300.000, а полицијата тврди дека имало 500.000 луѓе. Па ваков пречек немаше ни Светскиот шампион Франција, ова е величествено и неповторливо.
550 000 people welcomed #CRO national #football team #Vatreni in Zagreb! They are the winners! #WorldCup #BeProud #iznadsvihhrvatska @FIFAWorldCup @HNS_CFF @DalicZlatko pic.twitter.com/qnQuIAXRu5
— Marijana Petir (@marijana_petir) July 16, 2018
Hey world! This is how 2nd place should be celebrated! 🎉🙌🏻🔥A country of only 4 million who had to fight for freedom and independence in 1990s.🇭🇷If someone has a ❤️ it’s #Croatia. #WorldCupFinal2018 #WorldCupFinals #WorldCup18 #FRACRO #CRO #Vatreni #proud #ProudToBeCroat pic.twitter.com/IGsQNXYw3J
— Aleksandra Samobor (@AlexSamobor) July 16, 2018