Французите кои го освоија светското злато по втор пат и на нивниот дрес сега ќе стојат две сошиени ѕвездички, дале неколку интересни ветувања во случај да станат први.
Адил Рами, стоперот за кој пред неколку дена се испостави дека ќе се оженел со Памела Андерсон, пред стартот на Мундијалот дал збор дека ќе се проба во спаринг со познатиот џудист Теди Ринер.
- Тома Лемар ветил дека ќе ја офарба косата црвена;
- Набил Фекир и Оливие Жиру ветиле дека ќе ја избричат главата;
- Уго Лорис ветил дека ќе направи еден алкотрип по пабовите во Ница;
- Блез Матуии дал збор дека ќе вози велосипед од Париз до Торино (околу 800 километри);
Рами прв стоел на зборот:
Фудбалерот на Марсеј во едно отворено студио на француската државна телвизија се сретнал со легендата на француското џудо кој е двократен олимписки шампион и десеткратен светски првак.
Адил и Теди дружеле одамна па фудбалерот бил сигурен дека овој нема да демонстрира вештина да го фрла на земја.
Рами прв го исполни ветувањето а веројатно најтешко ќе му биде на Блез Матуиди кој ќе мора да вергла педали до Торино 800 километри.