Фоторепортерот кој Манџукиќ го собори на земја ќе летува во Хрватска

Јури Кортез кој се прослави во полуфиналето на Мундијалот во Русија доби покана да ја посети земјата која се уште е во транс од остварувањето на нивниот најголем фудбалски успех во историјата.

Кортез кој потекнува од Салвадор, а живее во Мексико, работи за една од најпознатите агенции во светот AFP (Agence France-Presse). На Светското првенство тој за прв пат во кариерата беше мета на објективите на неговите колеги кои го сликаа легнат заедно со Хрватите.
 
Симпатичната ситуација настана по голот на Марио Манџукиќ против Англија во продолженијата од мечот кој значеше пласман во финале, по што следуваше бурна прослава во која на земја заврши и Кортез. Хрватите го соборија, но потоа го шукаа и бацуваа.
 
 
Фоторепортерот доби позив од националното туристичко биро на Хрватска да оди на летување во нивната земја, а тоа ќе се случи на крајот на август или почеток на септември.
„Ваква покана не се одбива. Ќе би миде чест да ја посетам Хрватска. По натпреварот со Англија и славјето со хрватските играчи чувствувам поврзаност со вашата земја за која навивав во финале“, изјави Кортез.
 
Сликите од прославата на Хрватите се раширија во цел свет, а интересно е што и во таа тешка ситуација тој успеа да направи фотографии од лежење кои ќе останат историски.
 
За Јури Кортез Светското во Русија беше четврто во неговата кариера, но прво во кое учествувал во прослава со играчите. Опремата на Салвадорецот не е оштетена што значи може да си ја понесе на одмор.
 
Фотографиите кои успеа да ги направи во тој хаос тука
20 јули 2018 - 10:11