Во ’80-те и почетокот на ’90-те Линекер беше многу моќен британски фудбалер: се изнадава голови за Тотенхем, Барселона и репрезентацијата на Англија. Станал и најдобар стрелец на Светското првенство 1986-та.
По завршување на кариерата станал најпопуларен лик од тв екраните. На пример после титулата на Лестер тој седеше во емисија на BBC во гаќи со амблемот на клубот - таква била кладбата со јавноста.
Во последните седум години Гери Линкер жестоко ја критикуваше ФИФА и предлагаше бојкот на Мундијалот во Русија, но на 1. декември ќе биде во Москва и во тандем со прекрасната Марија Команднаја ќе ја води церемонијата.
Сè започнало на 2. декември 2010 година, денот кога Русија победи во кандидатурата за организација на Светско првенство 2018 а главниот конкурент Англија изгуби во трката.
Линекер тогаш бил во Швајцарија во состав на англиската делегација заедно со принцот Вилијам, премиерот Дејвид Камерон, Дејвид Бекам и Алан Ширер: „Прво не ме поканија да учествувам во промоција на канддатурата, но во последен момент организацискиот комитет побара помош. Веројатно знаеја дека играв голф со Мишел Платини. Седевме во холот воочи гласањето а потоа побараа од нас да бидеме љубезни со луѓто. Мразам да се претворам и да се упикувам“, изјавил тогаш Гери Линекер.
Ноќта пред гласањето кај ќе се игра Мудијалот 2018, Линекер и Бекам јаделе бургере и муабетеле. Гери го прашал: „Примети дека сме единствена земја која така работи? Не ти кажаа дека веќе се е решено?“
Во колумна за The Guardian, Линекер не го криел разочарувањето по гласањето: „ФИФА предизвикува гадење. Сеп Платер е диктатор со години. Ми се повраќа од корупцијата во највисоките тела на ФИФА. Одлуката Светското 2022 да се игра во Катар е апсурд. Немам ништо против тоа турнирот да се игра во разни делови од планетата но тие веќе знаеја дека летото во Катар ќе биде пеколно топло“.
Во пролетта 2015 кога имаше избори за претседател на ФИФА, Линекер однови кажа на BBC: „ФИФА е комедија, а Сеп Блатер е главен во таа лакрдија. Се таму е фарса но запаметете ги моите зборови: тој ќе ги добие своите гласови толку веројатно како што скоро ќе биде Божиќ“.
„Ако ме прашате мене која ми е фудбалска желба, јас би побарал ФИФА да ја расформираат а на нејзино место да создадат организација која ќе се занимава со спорт“, мечтаел Линекер.
И минатата пролет распали по високите чиновници на ФИФА за корупција. А во летото 2015. кога Блатер даде оставка Линекер изреагира саркастично: „Не верувам во тоа. ФИФА отсекогаш важеше за одлична и средена организација.“
Но по изборот на Џани Инфантино за прв човек на ФИФА, Линекер малку ги омекнал ставовите.
Кога станало извесно дека познатиот pundit (фудбалски експерт) ќе ја води ждрепката за Светско, новинарот на The New York Times Тарик Панжа напишал на Твитер: „Што тоа? Гери Линекер? Па зар не беше тој најголем критичар на ФИФА до пред неколку недели? Не може да биде истиот човек“
What, what the @GaryLineker? Hasn’t he been a sharp FIFA critic, until as recently as a few weeks ago? Can’t be the same guy https://t.co/TOZ2NBVbGT
— tariq panja (@tariqpanja) November 17, 2017
А самиот Гери Линекер изјави: „И натаму ќе ја критикувам ФИФА во случај кога ќе биде неопходно. Се согласив да ја предводам ждрепката за Светско првенство затоа што цел живот го следам тој турнир, два пати сум играл на него, освоив ’Златна Копачка’ и шести пат ќе работам Светско првенство за BBC. Нема никаква политичка одлука“.