Човекот со 7,8 милиони следбеници на Твитер и еден од најдобрите англиски фудбалери на сите времиња, Гари Линекер не оддолеа на сензационалниот триумф на Македонија над Германија.
Поранешниот легендарен фудбалер, а сега мегаѕвезда во стручните аналитички студија Гари Линекер објави интересен твит во кој има статија за непопуларноста на името Гари.
Важеше за убедливо најголемиот критичар на ФИФА во времето на Сеп Блатер и тоа ’во времето’ го користи како алиби во моментот кога цел свет го напаѓа дека е лицемерен и дека прифатил да биде дел од нешто што до вчера го плукал.