Ливерпул против Манчестер Јунајтед во Лига Европа

На денешната ждрепка во Нион беа извлечените осминафиналните двојки за Лига Европа каде немаме македонски претставници.

Следната нокаут фаза во второто по ранг клупско европско натпреварување го донесе големото англиско дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, шпанска пресметка меѓу Атлетик Билбао и Валенсија и супер интересна двојки Борусија Дортмунд - Тотенхем и Виљареал - Баер Леверкузен.

Осминафинални двојки:

Шахтјор Доњецк -Андерлехт
Базел - Севиља
Виљареал - Баер Леверкузен
Атлетик Билбао - Валенсија
Ливерпул - Манчестер Јунајтед
Спарта Прага - Лацио
Борусија Дортмунд - Тотенхем
Фенербахче - Брага
 

Првите натпревари се закажи за 10 март, а реваншите една недела подоцна.

26 февруари 2016 - 13:21