За 30 години во Англија нема да остане ниедно име Гари, поради пеналот на Линекер

Поранешниот легендарен фудбалер, а сега мегаѕвезда во стручните аналитички студија Гари Линекер објави интересен твит во кој има статија за непопуларноста на името Гари.

„Дали ова значи дека јас ќе умрам пред да наполнам 90“? 

Гари Линекер цитирал твит на друг корисник со скриншот кон статијата „До 2050-та година во Британија нема да остане ниеден Гери“.

Понатаму во статијата авторот објаснува дека на децата во Англија од 1992 година па наваму се помалку им го даваат името Гари (Gary).

На Линекер му одговориле дека е можно токму тој да е главен виновник за падот на популарноста на името Гари.

Во 1992 година Англија на стариот легендарен „Вембли“ го пречекала Бразил во пријателски меч. Линекер тогаш бил капитен и најдобар играч на репрезентацијата. Му фалел уште еден гол до рекордот на Боби Чарлтон. Гари Линекер имал 48 гола, а Боби 49 (долги години беше најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата).

Во 10’ минута Линекер го фаулирале во шеснаесетникот и тој решил сам да изведе пенал. Се одлучил за паненка, но голманот Роберто Гало лесно му го фатил очајниот шут.

Интересно, Линекер после мечот со Бразил не дал ниту еден гол повеќе за Англија иако одиграл уште 4 натпревари пред крајот на кариерата во репрезентација. Рекородот на Боби Чарлтон тогаш остана несовладан.

****

Името Гари било многу популарно во Британија во ’60-те години. А популарноста почнала да му паѓа во ’80-те години, долго време пред паненката на Линекер на „Вембли“.

Во 1992 година наместо името Гари сè почесто децата ги крштевале Хари. Денес во репрезентацијата на Англија има двајца Хари (Кејн и Мегваер) и ниту еден Гари.

Во 2016-та година на ниво на цела Британија се родиле 26 деца кои родителите ги крстиле Гари. За споредба, дури 302 деца се крстени Арја, по името на познатиот лик Арја Штарк од серијата Игра на Престоли.

13 јуни 2019 - 11:31