Од 2006 година фудбалската репрезентација на Австралија игра во зоната Азија (AFC) во квалификациите за Светско првенство.
На Австралијците претходно без никаква конкуренција им било прелесно да одат на Мундијал (4 пати по ред се квалификуваа) па затоа ФИФА одлучи тие да се приклучат во азиската зона и „Сокеросите“ постојано летаат од еден дел на светот во друг.
Квалификациската кампања за СП2018 за Австралија започна во 2016-та.
Успешно ја поминаа првата етапа (победник во група со Јордан, Киргизија, Таџикистан и Бангладеш), па селекцијата предводена од харизматичниот тренер Енџи Постекоглу тргна во втората етапа.
За првите две места во клучната фаза се бореше во група со Јапонија, Саудиска Арабија, ОАЕ, Ирак и Тајланд. „Кенгурите“ го заземаа третото место па во плејофот мораше да разигруваат со Сирија која беше во опасен налет.
Двата гола на супер-ветеранот Тим Кејхил беа доволни за победа но следуваше уште едно, последно скалило - незгодниот Хондурас.
Првиот меч од баражот се играше во градот Сан Педро Сул којшто многумина го сметаат за најопасен град на светот. Таму постојано се пука и убива но Австралија успешно го преброди тешкото гостување - ремизираше 0:0 на ужасен терен на локалниот стадион.
Во реваншот сè беше полесно: Неверојатен хет-трик на капитенот и лидер Миле Јединак (2 гола од пенал + 1 по рикошет) доволно за Австралија после 22 меча за 884 дена во кои поминала повеќе од 250.000 километри да обезбеди пласман на Светско. Секоја чест за „Кенгурите“.