Благодарение на Македонија која одигра 1-1 со Албанија, на италијанската репрезентација сега ѝ треба само еден бод за да го осигура второто место и баражот. А до крај играат токму против нас во Торино и против Албанија.
На 17. октомври во Цирих ќе се влечат паровите од плејофот и по одигрувањето на истите во месец ноември, ќе се знае кои се последните патници за Светското првенство следната година во Русија. За многу селекции ситуацијата веќе е јасна како ден, а има и такви кои уште се надеваат и веруваат.
September #WCQ: done ✅#WorldCup line-up, so far:
— #WCQ (@FIFAWorldCup) September 6, 2017
🇷🇺Russia
🇧🇷Brazil
🇮🇷Iran
🇯🇵Japan
🇲🇽Mexico
🇧🇪Belgium
🇰🇷Korea Republic
🇸🇦Saudi Arabia
👌🏻🏆
Еве ја моменталната ситуација на две кола пред крајот:
Веќе се квалификувани Русија (земја домаќин), Бразил, Белгија, Иран, Јапонија, Мексико, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.
Елиминирани европски селекции кои нема да одат на СП2018 се: Андора, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Чешка, Фарски Острови, Финска, Македонија, Грузија, Гибралтар, Унгарија, Израел, Казахстан, Косово, Летонија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Молдавија, Норвешка, Романија, Сан Марино.
ГРУПА ПО ГРУПА
Група Ц
Четвтрток 5 октомври:
18:00 Азербејџан (10 бода) - Чешка (9 бода)
20:45 Сан Марино (0) - Норвешка (7)
20:45 Северна Ирска (19) - Германија (24)
- Германија со 8 од 8 победи, теоретски би можела да заврши и како втора во баражот иако би било научна фантастика да не завршат први. Северна Ирска има обезбеден бараж а во директниот дуел во Белфаст на Германците ќе им треба бод за да завршат први. На крајот од квалификациите играат против Азербејџан дома.
Група Е
5 октомври четврток:
18:00: Ерменија (6) - Полска (19)
20:45: Романија (9) - Казахстан (2)
20:45: Црна Гора (16) - Данска (16)
На Полска ѝ е доволен само бод за сигурно да заврши меѓу првите две. Ако победи и ако Данска ремизира во Црна Гора, Полска е сигурно прва и оди директно на Мундијал.
Црна Гора ѝ Данска ќе се борат за баражот а во последното коло Црногорците ќе имаат гостување во Полска. Данска оди во Подгорица па затвора со Романија дома.
Група Ф
Четврток 5 октомври
20:45: Шкотска (14) - Словачка (15), Англија (20) - Словенија (14), Малта (0) - Литванија (5)
Англија со победа до крајот сигурно ќе се пласира или па ако ремизира а Словачка не победи до крајот. Словачка ќе заврши втора ако ја победи Шкотска и ако Словенија загуби од Англија.
Петок 6 октомври
Група Г
20:45: Лихтенштајн (0) - Израел (9), Италија (19) - Македонија (7), Шпанија (22) - Албанија (13)
Во нашата група Италија има прилично јасна ситуација: И треба бод за сигурно да заврши втора и да оди во бараж (игра против нашата репрезентација дома и против Албанија на гости). Шпанија ќе биде сигурно прва ако освои 4 бода на преостанатите 2 меча (со Албанија дома и Израел на гости).
Група И
20:45: Турција (14 бодови) - Исланд (16), Хрватска (16) - Финска (7), Косово (1) - Украина (14)
Најкомплицирана група од сите е групата И: Четири селекции рамномерно се борат во трката за првите две места. Се ќе зависи од дуелите во последните две кола. Многу ќе се знае и по дуелот Турција - Исланд додека Хрватска по мечот со Финска во Загреб ќе мора да оди на најтешкото гостување против директниот ривал за првото место Украина.
Сево ова под услов Украина да не направи кикс со Косово и да ја задржи негативата од само два бода од првопласираната селекција.
Група Б
18:00: Фарски Острови (8) - Летонија (3)
20:45: Андора (4) - Португалија (21), Швајцарија (24) - Унгарија (10)
Швајцарија (со сите освоени можни бодови) и Португалија се сигурни на првите две места и во најлош случај би оделе во баражот.
Швајцарците бегаат три бода на две кола до крајот па Португалија ќе мора макар бодовно да се израмни со нив ако сака да заврши прва а за тоа ќе имаат прилика во последното коло кога на 10. октомври ги пречекуваат дома. Португалија има далеку подобра гол разлика па евентуална победа и бодовно израмнување ги носи на Светско а не во пеколно тешкиот бараж.
Група Х
18:00 Гибралтар (0) - Естонија (8), Босна и Херцеговина (14) - Белгија (22)
20:45 Кипар (10) - Грција (13)
Белгија и математички и теоретски обезбеди сигурен пласман и стана првата европска селекција патник на Мундијалот 2018 на две кола пред крајот.
Босна ќе биде втора само ако ја победи Белгија а Грција загуби. Кипар мора да победи против Грција и да се надева дека Босна ќе губи бодови до крајот или да игра нерешено и да верува дека Босна ќе ги загуби и двата меча.
Грција со победа над Кипар и евентуален пораз на БиХ дома од Белгија, ќе оди во баражот.