РАСИЗАМ И ПАЛЕЊЕ ЦИГАРИ ВО ЗАБРАНЕТА ЗОНА
Диего Армандо во VIP ложата комотно палел пури и цигари за време на првиот меч на Аргентина на Светското 2018 во Русија со Исланд. Прво запалил цигара а потоа се извинувал дека не знаел за законите.
Потоа новинарката на BBC Џеки Отли соопштила: „Навивачите од Јужна Кореа му скандираа на Диего. Тој им се насмевна а потоа со рацете на очите правеше расистички гест“.
Светскиот шампион од 1986 потоа на Фејсбук објавил: „Се обидов од далеку да им покажам колку ми е драго што дури и во Азија навиваат за Аргентина“.
СРЕДЕН ПРСТ
На дуелот Аргентина - Нигерија на Мундијалот минатото лето, личното обезбедување на Марадона му помогна да стане од VIP ложата на стадионот во Санкт Петербург. На Диего му се слошило и тој изгубил свест на кратко.
Соработник на првата помош објаснил дека Марадона едноставно се препил. Во второто полувреме се вратил на своето место а по победничкиот гол на „гаучосите“ во самиот финиш од мечот им покажувал среден прст на гледачите.
Поради такво поведение ФИФА го прекинала контактот со него и не му плаќала превоз и сместување (11.000 долари дневно).
СКАНДАЛ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА
За време на Светското, Марадона често го критикуваше селекторот на „Албиселесте“ Хорхе Сампаоли и го советувал да не се враќа во Аргентина.
Пред мечот со Нигерија Диего барал дозвола да дојде во базата на репрезентацијата: „Сакам лично да им објаснам на играчите што значи да се носи дресот на репрезентацијата“.
По испаѓањето на Меси и компанија во осминафиналето, Марадона понудил бесплатно да работи место Сампаоли но неговата кандидатура била отрфрлена само така.
ЦИРКУС СО ДИНАМО БРЕСТ
Диего пред неколку месеци стана претседател на белоруски клуб. Неговата официјална презентација се одржа на 16 јули. Тогаш на стадионот „Брестски“ рекол: „Сакам да се сликам со Лукашенко. Се надевам дека тој ќе стане наш навивач“, рекол новиот шеф на Динамо Брест.
Но Марадона од тогаш повеќе не се појавил во Белорусија а неговиот агент рекол дека Диего оди да работи во мексиканскиот клуб Дорадос за 180.000 долари месечно. Во Белорусија имал договор според кој требал да заработува 55.000 долари месечно.
ЦИРКУС II ВО ДОРАДОС
Марадона прво станал технички директор на мексиканскиот второлигаш Дорадос. Но таа должност била формална затоа што Марадона бил и тренер на екипата.
Тој во соблекувална редовно им танцувал на играчите и ги учел како да ги слават головите (се лизгаше по вода на стомак на теренот).
Необично, со доаѓањето на „Ел Пибе“, Дорадос избегал од зоната за испаѓање и се искачил нагоре на табелата. Во декември месец тој пропуштил четири тренинзи на екипата и неговата иднина таму е непозната.
РАЗГОВОРИ ЗА ДРОГА ВО МЕКСИКО
Во реонот од каде се наоѓа клубот Дорадос доаѓаат неколку од најголемите нарко-кланови во Мексико. Марадона еднаш сам ја начнал оваа тема на прашањето зошто дошол баш во Дорадос:
„Мојот личен развој? Кога пред 15 години завршив со наркотиците, кажав дека повеќе нема да пробам ништо.
На првата прес-конференција во клубот тој рекол: „Мечот Мексико - Германија на Светското беше да се гледа само со црта“.
НАПАД НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И КОНМЕБОЛ
Реваншот од финалето на Копа Либертадорес меѓу Ривер Плејт и Бока Јуниорс го одложија навивачи на Ривер кои го каменуваа автобусот на ривалите.
Диего за нередите нашол „кривец“: „Шефот на државата Маурисио Макри не се занимаваше со сигурноста на луѓето. За тоа се должни да одговараат властите“.
Марадона не можел да се помири дека големото финале ќе се игра 10.000 километри подалеку од Аргентина: „Знаете ли вие колку чини лет до Мадрид? КОНМЕБОЛ е ужас за фудбалот“.
ЛУДО ИНТЕРВЈУ
На 25 ноември Дорадос минимално изгубил од Хуарез во реваншот на полуфиналето од баражот во втората лига, но поради повеќе постигнати голови на гости отишол понатаму. После мечот новинарите го прашале за нивото на првата лига а тој , веројатно под дејство на наркотици едвај отварал уста:
СЕ СТЕПА СО ПРОТИВНИЦИ И НАПАДНА НОВИНАР
Во финалната серија од плејофот Дорадос изгубил со вкупен резултат 4:3 од Атлетик Сан Луис во двомеч. По завршувањето на решавачкиот меч Марадона правел нереди и едвај го смириле, а по излегувањето во микс-зоната, нападнал и удрил еден новинар:
КОНФЛИКТ И НАПАД НА ФИФА
На 1 февруари годинава Марадона дал оставка од должноста почесен капитен на ФИФА. Бил разочаран од многу фудбалски легенди и од претседателот Џани Инфантино:
„Му кажав на Инфантино дека во ФИФА ништо не се сменило по Сеп Блатер и дека и натаму не се почитуваат легенди како него, како Ван Бастен и Рајкард.
Тој исто и го нападнал вербално генералниот секретар на ФИФА Звонимир Бобаб: „Да одиме во ринг, ајде! Немам веќе 20 години, имам 58 и вакви работи ме навредуваат.“