Црни знамиња ќе се веат попладнево на стадионот Азади и на некои тераси ширум Техеран. Иранците денес и утре го празнуваат Ашура, еден од шесте најголеми празници во муслиманскиот свет, а поради тоа што станува збор за тажен ден според Шиитскиот календар, гостите од Јужна Кореа ќе носат црни ленти како знак на почит кон домаќините.
Иранскиот верски лидер изјавил дека би било подобро Иран да ја одложи средбата од квалификациите за некој друг ден, но на крајот прифатиле и притоа побарале од сите присутни навивачи да внимаваат на своето однесување, да се молат и да тагуваат наместо еуфорично да навиваат.
Во меѓувреме официјалните луѓе од Фудбалската федерација на Иран се побуниле што капитенот на Јужна Кореа го споредил Техеран со голем затвор. Играчот од средниот ред на Свонси, Ки Сунг-јенг изјавил дека некои ирански навивачи фрлале шишиња и други предмети по него и неговите соиграчи кога стигнале во главниот град на Иран каде влегле со заштитни маски за уста.
Иранците денес го празнуваат Ашура, шиитски празник кога Имамот Хусеин, важна личност од нивната религија страдал во битката на Карбала, денешен јужен Ирак. 72 од неговите следбеници и членови на неговото семејство исто загинале.
На овие два дена луѓето во Иран изедуваат ритуал во кој се удираат во градите во ритамот на удирање во тапан. Некои дури и се камшикуваат а луѓето излегуваат на улиците за да го гледаат целиот ритуал. Имамите во џамиите зборуваат за историскиот настан.
Радио и телевизиските станици пуштаат само жална музика, кината и театрите (меѓу први во историјата се отворени во Иран) се затвораат. Не работат ниту продавниците, а не заседава ниту Владата ниту собранието. После три одиграни кола во групата А, Иран е прв со 7 бодови колку што има и Јужна Кореа. Узбекистан е трет со шест, Сирија има четири, Кина еден а Катар нула.
Повеќе за празнувањето на Ашура во Иран тука.