Има капацитет од 34.291 седишта и неверојатен LED екран со големина од 5.000 квадратни метри којшто го обиколува целиот стадион во круг.
И покрај канидатурата да биде еден од домаќините на Мундијалот, Краснодар како град не го доби домаќинството, затоа што го добија Сочи и Ростов и било невозможно толку многу градови од тој реон на Русија да добијат организација на СП, затоа што тие градови за руски услови се многу блиску еден од друг.
Русите решиле домаќинство да не им доделат ниту на градовите од Азија, затоа што временски било тешко да се вклопат на пример Владивосток или Хабаровск со Москва. Временската разлика меѓу нив е 7-8 часа. Најисточен град на кој ќе се игра фудбал на Светското првенство е Екатеринбург на самата гранциа меѓу Европа и Азија.
Што се однесува до стадионот „Зенит Арена“, тој е практично завршен, но стадионот не можел да се гради по нацртите на архитектите затоа што се наоѓа во умерена климатска зона близу поларниот круг и биле потребни дополнителни зацврстувања на подвижниот покрив.