Таткото на Матиас Весино тренирал деца во аматерскиот клуб Вида Нуева во малото градче Сан Хасинто на југот од Уругвај.
Тој никогаш не им зборел на децата дека победата е морална, туку од нив барал да му се радуваат на фудбалот и да немаат терет дека мора да победуваат.
„Со Матиас често шетаа по улица. Марио сакаше син му да биде задоволен и да игра фудбал“, се сеќава мајка му на Весино, Доли за The Guardian.
Кога Матиас Весино имал 14 години се случила трагедија. На пат кон работа, татко му загинал во автомобилска несреќа.
„Ноќта го собрав семејството на маса и им кажав што се случило. И покрај жалоста ние продолживме со животот. Ние сме силно семејство“.
По загубата на мажот, Доли, учителка по англиски јазик работела по две работи за да ги прехрани трите деца: Матијас има постара сестра и помлад брат.
Малиот Матиас тогаш бил толку скршен од болка што неколку месеци не сакал да се дружи ни да се гледа со другарите. Уште потешко смртта на таткото ја доживеал помалиот брат Николас кој тогаш имал 2,5 години.
„Тој цело време го бараше тато. Кога некој ќе тропнеше на врата или телефон ќе заѕвонеше, тој секој пат трчаше мислејќи дека се враќа тато“, се сеќава сестрата.
За Марио Весино не патело само семејството. Клубот Вида Нуева во негова чест го преименувала стадионот кој собира 800 гледачи.
Во младоста Марио бил професионален фудбалер но не направил грандиозна кариера. Најголем клуб во неговата биографија бил Ливерпул од Монтевидео кој играл претежно во втора лига со неколку излети во прва лига.
Матиас првпат сериозно почнал да тренира фудбал кога се преселил во главниот град Монтевидео. Во моментот на смртта на неговиот татко тој тренирал во Централ Еспањол - екипа која периодично играла во најсилната лига од каде после сезона-две испаѓала во втора лига.
За да тренира и игра во Централ Еспањол Весино патувал по 50 километри до Монтевидео и назад. Многу сакал да заигра во некој европски клуб.
„Кога се враќаше дома, на баба му Естер и ги даваше своите бели копачки. Таа ги чистеше, ги одржуваше и му ги враќаше следниот ден. Тоа беа негови единствени копачки и ден-денес тие не потсеќаат колку далеку стигна.
„Ги памтам деновите кога го ставаше на грб малиот ранец и одеше на тренинг по дожд. Еднаш го прашав: сигурен ли си дека ќе има тренинг, врне надвор? А тој ми одговори: ’Врнело не врнело, ќе најдеме начин да играме’.“
Мајка му постојано му зборувала дека фудбалот не му гарантира нормална иднина и затоа мора да заврши школо и да студира. Весино ја послушал и не одбил: на крајот завршил со студии и добил диплома.
Фудбалската кариера не му трпела многу затоа што тој експресно брзо ги покорил сите репрезентативни категории. На 18 години дебитирал за Сентрал Еспањол, а после една година го викнале во репрезентацијата U-20 со која го освоил третото место на младинската Копа Америка. Неговиот гол против Аргентина ја однел репрезентацијата на Олимпијада во Лондон.
***
Во сезоната 2011/2012 Весино потпишал договор со Насионал, најголемиот и најславниот клуб во Уругвај со кој ја освоил титулата.
Одличните настапи биле повод во зимата 2013-та да потпише договор со Фиорентина која за него платила 2,5 милиони евра.
Но во Италија му било тешко да се адаптира и во Фиренца не добил шанса. Набрзо го пратиле на позајмица во Емполи кој тогаш со голем успех го водеше Маурицио Сари.
Токму Сари е фудбалски татко на Весино: со него гледал видеа на кои му укажувал на грешките, по неколку пати ги повторувал снимките додека Матиас не ги увиди.
Во Емполи одиграл 36 натпревари и постигнал 2 гола. „Сари е посебен човек кој ме научи на многу нешта. Ми помогна и психолошки. Многу разговаравме на разни теми“, се сеќава Весино за тренерот на Челси.
Одличните борбени партии во Емполи го воодушевиле и тогашниот селектор на Италија Антонио Конте кој се сретнал со Матиас кога овој уште не дебитирал за сениорската репрезентација на Уругвај, а кој поради италијанските корени можел да игра и за „Аѕурите“.
„Конте го викна во репрезентација но Матиас кажа дека се чуствува некомфорно и дека сака да добие повик од Уругвај. Не ми беше етички ни праведно да направи таков избор да игра за Италија“, рекла мајка му тогаш во интервју за El Pais.
Самиот Весино рекол:
„Да ја претставуваш својата земја е голема одговорност и ако немаш чувство за тоа, тогаш ќе носиш огромен товар. Внатре во себе знаев за кого сакам да играм и дека ќе ме викнат во репрезентација. Три години играње во Италија не беа доволни да станам Италијанец“.
Медиумските натписи го убедиле селекторот Оскар Табарез да му прати повик во репрезентацијата во 2016 година.
А веднаш по Светското во Русија летово каде за Уругвај играше и Матиас Весино, Маурицио Сари сакал да го донесе младиот Уругваец од Интер во Челси. Матиас во една прилика рекол дека Премиер лигата му е животен сон и кога ќе заигра таму ќе ја исполни втората најголема желба во животот.
Првата му се остварила во летото 2017 кога Интер за него на Фиорентина и платил 24 милиони евра!
На денот на презентацијата Весино и се обратил на мајка му која била заедно со него во Милано. Таа често го повторува неговото прашање: „Што би рекол тато да ме видеше сега?“
Тетоважа со името на татко му Матиас има на десната рака на костобраните секогаш носи портрето од Марио Весино.
Весино сега има 27 години и е еден од подобрите фудбалери на Интер. Миланскиот клуб после цели 6 години се врати во Лигата на шампиони и синоќа по примениот гол од Тотенхем 0-1, направи целосен пресврт во самиот финиш од мечот а победата ја донесе Матиас Весино, детето од ургувајските улици.