Контроверзното видео на Вардарци за кое реагираше и министерството за спорт
ФК Вардар е нов шампион на Македонија, а титулата доаѓа после цели 6 години пауза. Вардарци ја прославија еуфорично ама и недолично. Пееја навредливи песни за најголемиот ривал Пелистер од Битола, ја навредуваа Каролина Гочева без ама баш никаква основа. Притоа Миленко Неделковски се извини за тоа, но во истовреме навреди друга жена.
Оваа непристојна прослава ја осудија Министерството за спорт кое упати остро соопштение како и ФФМ кој најави отворање дисциплинска постапка за ФК Вардар.