Србија изгина во Веспрем за пласман на Светско, Словенија појака од Црна Гора

Словенија по тeсниот триумф минатата недела во Подгорица 28-29, синоќа пак тешко извојува нова победа над Црна Гора 31-29 (17-14) и обезбеди пласман на Светско првенство. Најтешка задача имаше Србија која играше против силната Унгарија и со селекторот Раул Гонзалес успеа да слави во двомечот.

Во Веспрем ракометарите на Србија допатуваа на реваншот со +2 од минатата недела во Ниш. После голема борба на паркетот пред 5.000 унгарски и 250 српски навивачи, ракометарите предводени од Раул Гонзалес изгубија 31-30, ја сочуваа предноста од 2 гола од првиот дуел и се пласираа на Светско првенство.

Некогашниот европски шампион со Вардар Дејан Милосављев со 8 одбрани беше еден од најзаслужните за пласманот на Србија а најдобри стрелци беа Вања Илиќ со 9 и Драган Пешмалбек со 5 погодоци.

Кај Унгарците Имре постигна 6 погодоци, Бахниди 4 колку што имаа и Шита и Илиќ.

Словенија обезбеди ново учество на Светско првенство откако синоќа пак тесно ја совлада Црна Гора, овојпат со +2 гола 31-29. Играч на мечот беше словенечкиот голман Ферлин со дури 19 одбрани. Влах постигна 8 гола, Благотиншек 5 колку што имаше и Јанц, а Кодрин и Зарабец дадоа по 4.

Кај Црногорците Матовиќ имаше 10 одбрани, а најдобри стрелци беа Бакиќ И вујовиќ со по 5 гола.

 

18 мај 2026 - 09:28