Голема прослава во цел Бразил.
Се мачеа „Кариоките“ во групната фаза, но во нокаут рундата покажаа најдобар фудбал. Чекаа одмазда против Германија за дебаклот (1:7)од Мундијалот 2014 и дочекаа.
Капитенот Нејмар го доведе Бразил во водство со спектакуларен гол во 27’ минута кој го прослави во стилот на Усеин Болт, но најталентираниот млад германски фудбалер Макс Мејер израмни во 59’ минута. До крајот немаше нов гол, ниту во продолженијата и се тргна на пенал-рулетот.
Евроголот на Нејмар:
По осум реализирани пенали, Нилс Петерсен промаши и топката на белата точка ја намести Нејмар. 80.000 гледачи на стадионот во транс го прославија неговиот гол со кој играчот на Барса стана вечен и го донесе првото олимписко злато за Бразил. Необично, Бразил досега дури три пати губел во финале на Олимписките Игри, има две бронзи и ниту еден трофеј како Олимпискиот не се чекаше во Бразил. Чекаа и го дочекаа.
Сите пенали и победничкиот на Нејмар:
Бронзениот медал го освои репрезентацијата на Нигерија која беше подобра од Хондурас 3:2.
Германија на крајот славеше олимписко злато во фудбал, но во женска категорија каде исто како Бразилците за првпат во историјата го освоија овој вреден трофеј. Германките во финалето ја победија Шведска со 2:1 (Џенифер Марисан 48’, Линде Сембрант а.г 62 – Стине Блекстенијус 67’).
Бронзата во женски фудбал ја освои Канада која со 2:1 беше подобра од домаќинот Бразил.