Кога обичниот човек ќе се нурне и ќе го задржи здивот, има доволно кислород за неколку секунди под вода. За разлика од нас, синхронизираните пливачи имаат капацитет на белите дробови приближно два пати повеќе од стандардното, па со тоа под вода може да останат многу повеќе, иако правилата не дозволуваат таму да бидат повеќе од четири секунди. Неофицијалните рекордерки – Наталија Исенко и Светлана Ромашина можат под вода без кислород да бидат повеќе од четири минути. Па, пробајте ако можете.
Што ако за време на настапот им влезе вода во нос?
Спортистите по синхронизирано пливање најчесто носат пластика, силикон, гума или метал кои го елиминираат продирањето на водата во носот, но при нагли движења опремата може да им излезе. Секој синхронист во својот костим секогаш чува резервна, но при изведбата на поедини елементи често немаат можност за замена.
Дали синхронистите ја слушаат музиката под водата?
Секако. За таа цел под водата се инсталирани посебни звучници синхронизирани со основните на површина.
Зошто не настапуваат со отворени капачки костими?
Правилата не дозволуваат. Според нив, капачките костими треба да исполнуваат високи морални услови и не смеат да бидат многу проѕирни. Ограничувањата се: 11,5 см дебелина на костимот во градниот дел, кај пазувите не помалку од 5 см, а долниот раб на трикото мора да ги покрива колковите со не помалку од 10 см. Дебелината на костимот во долниот дел кај препоните исто не смее да биде послаб од 5 см.
Дали смеат да викаат?
Лицата на синхронизираните пливачи треба да бидат јасно препознатливи, изразите на лицата се важни за судиите во оценувањето и треба да бидат на поголеми растојанија од камерманите и публиката. Затоа синхронистите не жалат козметика која што ја применуваат неретко во два или три слоја, па дури и ако тоа изгледа неприродно од близина. Чудно е што ретки се водоотпорните шминки, па често сенката се меша со вазелин така што не им паѓа во водата.
Какви им се фризурите?
За внимателно да се придржуваат до стилот на косата исто така има правила поради кои синхронизираните пливачи користат желатин. Тој се топи во врела вода, се промешува добро и се чека да се излади па се нанесува на косата во дебел слој. Обликот на фризурата го прави желатинот речиси невидлив, а подоцна се вади лесно со шампон.
Зошто синхронистите и синхронистките ретко имаат тетоважи?
Немаат тетоважи затоа што правилата забрануваат покажување на тетоважи, така што оние кои веќе имаат нацртано (како пеперутките на Анастасија Давидова) ги покриваат со неизбришливи креми.
Што друго не смеат синхронистите?
Многу работи. На пример не смеат да го допрат дното за време на настапот. Не смеат да носат ништо друго освен костимот за капење. Не смеат накит, а кај мажите наскоро се планира забрана на долги коси и бради.
Се случило ли некогаш да освои некој друг освен руските сихронисти и синхронистки?
Тешко е да се најде таков податок во последните 18 години. Русите и Русинките од тогаш доминираат на Светските, Европските првенства и на Олимпијадите. Претходно наизменично освојуваа Канаѓаните и Американците, пред Олга Седаков да ја почне хегемонијата.
Кој е најтрофеен пливач во синхронизирано пливање на сите времиња?
Кога станува збор за СП тука е Наталија Ишенко која била шампион 19 пати. На Олимписките Игри пет медали има освоено Анастасија Давидова. Русија во Рио летово го освои петтиот медал по ред на Олимписките Игри. Тие освоија две перфектни 10-ки од судиите, една за настап а друга за уметничка импресија. Среброто го освои Кина која што втор пат по ред се закитува со ова одличје. Јапонија ја победи Украина за половина поен во борбата за бронзата.