Путин жали за суспензијата на руските паралимпијци
Претседателот на Русија на приемот на руските олимпијци од Рио изјави дека одлуката за забрана за учество на руските паралимпијци во Рио е неморална и цинична. Целата руска паралимписка селекција на 7. август беше суспендирана од Меѓународниот паралимписки комитет поради свесна поврзаност на државата во допинг програмот.