Олимпијадата е рак за посиромашните нации

Се потрошија неколку милијарди, се отселија 77.206 лица од Рио, загинаа 11 градежни работници се со цел да го одржат најмасовниот спортски спектакл во светот со над 11.000 спортисти од 205 земји. А сметката за струја сега кој ќе ја плати на Маракана? Изнесува 939.937 долари. Да е само во тоа проблемот. Рио 2016 и 2017 нема везе едно со друго. И Грците тоа го знаат.

Пред само една година
Да, пред само една година Бразил беше спортскиот центар на светот од каде се слушаа звуците на Олимписките итри. Прими повеќе од 11.000 спортисти од 205 земји во светот и тоа беа првите игри одржани во Јужна Америка.

Шампиони во фудбал
На 20 август 2016-та Бразил славеше победа против Германија откако ја совлада на пенали со 5:4. Одличен повод за навивачите низ Бразил кои низ историјата се познати по тоа што го сакаат фудбалот. Инаку прво олимписко злато за нив.

Град на духови
Навивачите и спортистите одамна ги нема, сцената во Рио не е шарена како што беше. Всушност далеку е од тоа. Зградите се напуштени, земјата е во долгови, игрите требаше да ја заживеат економската криза и да го воспостават Бразил како лидер во атлетиката.

Бразилско олимписко наследство
Еден од најчувствителните симболи на занемарување е стадионот Маракана. Заборавете на спектакуларното отворање и затворање, сите светла сега се исклучени. Легендарниот стадион направил сметка за струја 939.937 долари кои сè уште не се платени. Организацискиот комитет на Рио должи 40 милиони долари на доверителите.

Повелете седнете
Стадионот кој беше отворен во 1950-та и на кој се одржа финалето на Мундијалот 2014-та се соочи со вандализам кој резултираше со 7.000 откорнати седишта. Градежната компанија Одебрехт се надева дека ќе успее да го предаде одржувањето на понудувачите, но поради правните битки и спорови со владата од тоа нема ништо. За неговата нова изградба беа потрошени повеќе од 500 милиони долари. Компаниите кои беа вклучени во неговото возобновување беа вмешани во корупција.

Зелен медал
Една од најчудните работи за ЛОИ во Рио беше нуркачкиот базен кој се претвори во зелен. Истражувачите, спортистите, навивачите и сите останати беа збунети зошто се случува тоа. И ден денеска не е 100% потврдено зошто базенот ги промени боите.

Вистинските бои
Нуркачите се пожалија дека водата до толку била мрачна што не можеле да ги видат своите партнери. Се смета дека цветањето на алги предизвикало ненадејна промена на бојата, а исто така до тоа можно е да дошло поради хемиска нерамнотежа во водата.

 

Оштетување на велодромот
Пред неколку месеци олимпискиот велодром беше релативно непроменет во споредба со другите згради, меѓутоа се случи пожар, а огнот кој брзо се рашири оштети голема количина на конструкцијата, вклучувајќи ја и патеката.

Олимпиското село
Исто како и другите места и Олимпиското село е град на духови со напуштени згради. Во селото има илијадници ненаселени станови кои 93% од нив се слободни. Првичната намена била да се претворат и прилагодат во луксузни апартмани.

Духови на минатите олимпијади
Иако ситуацијата во Бразил е несомнено мрачна и други места низ светот се наоѓаат во слични состојби на напуштање. Откако ќе се изградат елаборираните стадиони, игрите се играат и светлата ќе се затемнат и потоа е тешко да се одржи нивото на Олимписките итри. Кина и Атика се само неколку од примерите.

Остатоци од остатоците
Центарот за медиуми во Рио беше уништен кратко време по завршувањето на игрите. Тој се наоѓа во центарот на градот до градското собрание и конгресниот центар.

Несигурна иднина
Дури и пред ЛОИ, Бразил се соочи со проблеми околу инфраструктурата и севкупна сиромашија на своето општество. Меѓу вирусот Зика, политичките превирања и наспособноста економијата да се движи напред, нема проценото време и план за да се поправат напуштените олимписки места. Општо земено се вели дека јавниот превоз е подобрен, како единствено наследство кое може да се тврди дека е позитивно.

29 август 2017 - 14:17