Бразилецот Исак Квеирош Дос Сантос слободно може да биде прогласен за малер на годината. Само 10 метри го делеа од првото место и златниот медал на трката 1000 метри на Светското првенство, но пред самиот финиш падна во вода и неговиот кану залудно ја мина целта. Правилата велат дека тоа не е дозволено. Златото го освои Германецот Брендел.