Во нокаут рундата од фудбалскиот турнир на Олимписките Игри во Токио ќе играат меѓу другите и Нов Зеланд и Јужна Кореја, а таму ќе ги нема Аргентина, Германија и Франција кои испаднаа во групи.
Одиме по ред.
Група А
- Веќе легендарниот Андре-Пјер Жињак, шпиц кој во најубавите фудбалски години реши од Франција да се пресели во Мексико и таму да стане легенда во МХ лигата, конечно после долги години заигра за Франција. На Олимписки Игри селекциите играат со играчи до 23 години но имаат право на тројца фудбалери повозрасни.
Жињак постигна гол токму против Мексико во првото коло а после 3 гола и 1 асистенција против Јужна Африка во второ коло. Но и тоа не беше доволно зошто Французите победија само еднаш (против Јужна Африка), а во последното коло примија дури четири гола од Јапонците.
Французите не беа во топ состав па не беа ни фаворити за злато на турнирот. Освен Жињак и светскиот шампион од 2018-та Флориан Тован, сите други беа помалку познати младинци. Едуардо Камавинга од Рен, Вилијам Салиба од Арсенал и Маланга Сар од Челси не добија дозвола од своите клубови за настап.
- Јапонија ја пројде групата со 9 од можни 9 бода. Главна ѕвезда на Јапонците е чудесниот 18-годишен Такефуса Кубо од Реал Мадрид. Тој има гол на секој меч и секој пат прв го отворал резултатот.
- Понатаму оди легендарниот голман на Мексико Гиљемо Меме Очоа
Група Б
- Во оваа група немаше фаворити. Крис Вуд од премиерлигашот Барнли постигна два гола во група за неговиот Нов Зеланд У23 кој оди во следна рунда.
- Ли Как Ин од Валенсија играше малку време но постигна три гола за Јужна Кореја У23. Понатаму одат токму Нов Зеланд У23 и Јужна Кореја У23 а испаѓаат Романија У23 и Хондурас У23
Група Ц
- Австралија У23 го освои последното место во групата, но со себе ја повлече и Аргентина У23: „кенгурите“ ги совладаа „гаучосите“ 2:0 во првото коло.
- Тимот на селекторот Фернандо Батиста се обиде да се спаси, го победи Египет У23 и одигра нерешено со Шпанците но на крај Аргентина У23 испадна поради гол разликата (-1 имаа они, а +1 Египет кој оди понатаму).
- Од познатите играчи за Аргентина У23 играа Неуен Перез, Адолфо Гајиќ, Факундо Медина, Езекјел Понсе и други младинци.
- Групата Ц ја освои Шпанија У23 која дојде во силен состав и тоа со играчи кои играа и на Европското летово: Унаи Симон, Ерик Гарсија, Пау Торес, Педри, Дани Олмо, Марко Асенсио и Микел Ојарзабал.
Неверојатно звучи фактот дека во 74’ минута од мечот Шпанија У23 - Аргентина У23 од клупата за резерви влегол Педри кој го заменил Луис де ла Фуенте и тоа бил дури 69-ти меч за бисерот на Барселона сезонава!
На Евро-2020 Педри ги одигра сите 6 меча за Шпанија а го сменија само во 119-та минута од четвртфиналето кога пред пенал серијата влезе шпицот Родриго (и промаши).
Група Д
Од оваа група испаднаа Германија У23 и Саудиска Арабија У23 а понатаму одат Бразил У23 и Брег на Слонова Коска У23.
Како и Аргентинците, така и Германците решиле на Олимписки Игри летово да пробаат младинци. Од нешто попознатите фудбалери тука беа Надим Амири од Баер Леверкузен, Максимилијан Арнолд од Волфсбург и Макс Крузе, центарфорот на Унион Берлин.
Германија додуше собра 4 бода во групата (пораз 2:4 од Бразил, триумф 3:2 со Саудиска Арабија и само 1:1 против Брег на Слнова Коска) но испадна.
Бразилците глатко ги совладаа Германија и Саудиска Арабија, одиграа без голови со Брег на Слонова Коска и како први одат понатаму. Ришарлисон ѕвездата на Премиер лига од Евертон веќе даде пет гола на Олимпијадата во Токио и решен е да го освои златото со неговиот Бразил.
За Брегот на Слонова Коска играат Ерик Баји стоперот на Манчестер Јунајтед, Франк Кеси од Милан и Макс Градел, искусниот крилен напаѓач на турски Сиваспор. Тука е и новата надеж на Манчестер Јунајтед Амад Диало кој постигна гол против Милан во Лига Европа.
Во четвртфинале кое се игра на 31 јули ќе играат:
Шпанија - Брег на Слонова Коска
Јапонија - Нов Зеланд
Бразил - Египет
Јужна Кореја - Мексико