Најголемо внимание со сигурност ќе привлекува американскиот кошаркарски „Дрим-тим“ кој доаѓа во страшен состав со Харден, Кевин Дурент, Бем Адебајо, Демјан Лилард и многу други ѕвезди.
КОИ НАЈПОЗНАТИ ЅВЕЗДИ СЕ ОТКАЖАА ОД УЧЕСТВО НА ЛОИ ТОКИО 2020?
МО ФАРАХ (атлетика, Велика Британија)
Фара е еден од најдобрите атлетичари на сите времиња. Четири пати освои злато на Олимписки Игри - по два пати во Лондон 2012 и Рио 2016 (на 5.000 метри и на 10.000 метри).
По Светското 2017-та реши да се повлече од кратки дистанци и отиде во маратонско трчање, но не му траеше долго. Поради недостиг на добри резултати реши да се врати на стадион и во сала.
Понатаму Мо го следеа непријатности: прво му ги дисквалификуваа тренерот и лекарот а после и него го казнија поради нарушувања на допинг правила. До официјално обвинение не дојде но 38-годишниот маратонец не ја исполни олимписката норма. Потврди дека ја продолжува кариерата.
ЏАСТИН ГЕТЛИН (атлетика, спринтер, САД)
Легендарниот Џастин освои злато на Олимписки Игри уште во 2004 во Атина, на 100 метри. После победи и на Светско првенство 2005, а понатаму го следеа проблеми со допинг (4-годишно отсуство) и години во сенка на вечниот Усеин Болт.
Во 2017-та Гетлин на неверојатен начин му се реваншираше на Јамајканецот, на Светското атлетско првенство во Лондон. Освои уште две медали на Светско првенство 2019 но после тоа кариерата му е во постојан пад.
Гетлин притоа има 39 години, не баш спринтерска возраст. На националните квалификации во САД заршил 8-ми на 100 метри и не обезбедил олимписка виза за Токио која можеше да му биде четврта Олимпијада во кариерата.
КАСТЕР СЕМЕЊА (атлетика, Јужна Африка)
Кастер повеќе од 10 години доминираше на дистанца 800 метри (две злата на последните Олимпијади, три злата на Светски првенства) и можеше да ја продолжи неверојатната серија, но се вмешаа новите правила на Меѓународната атлетска федерација (World Athletics).
Сега според новите правила спортистите со зголемено ниво на тестостерон (Семенја е таква), а кои ќе настапуваат само на дистанци од 400 метри до 1 милја (1609,344 метри), ќе мора да земат посебни хормонални препарати.
Семења одбила да ги пие таблетите и долго се судела со федерацијата. Тужбите не и помогнале, па Кастер се прешалта на дистанца од 5.000 метри (таму правилата за тестостерон не важат), но не исполнила олимписка норма за Токио летово (во мај истрчала 15:32,15 на 5.000 метри што е за цели 22 секунди надвор од стандардите за олимписка виза во Токио 2020).
РАЈАН ЛОХТЕ (пливање, САД)
Од дури 4 Олимписки Игри, Рајан се врати со 6 златни медали но многумина го памтат по една глупа и непријатна епизода. Во Рио 2016 Лохте пијан направи тепачка на бензинска пумпа во Рио па ја излажал полицијата дека бил нападнат и се обиделе да го ограбат. Судот во Бразил уште го води овој случај.
Во 2018-та година Лохте западнал и во неволји со допинг - објавил фотографија на која наводно ненамерно му бил вбризган некој лек. Се испоставило дека супстанцата во крвта била одобрена но Рајан го преминал дозволеното дозирање и доби 14-месечна суспензија. По враќањето никогаш веќе не ги повтори претходните резултати. На националните квалификации во САД за Токио, тој настапил катастрофално и долго време не можел да излезе од базенот по пливањето за норма.
МЕК ХОРТОН (пливање, Австралија)
Хортон освои злато на ЛОИ во Рио 2016 на 400 метри слободен стил (кроул) на само 19 години. Посебно ја здрма светската јавност откако на Светското 2019 во пливање одби да му даде рака на победникот од Кина Сун Јанг (29) за кого се испостави дека претходно намерно ја скршил епруветата со примерок за допинг контрола, но не доби брза казна за тоа.
Австралиецот Хортон го критикуваше Кинезот и изби скандал. Мек подоцна призна дека кинески навивачи дури му се заканувале нему и на неговото семејство. Во Токио 2020 летово нема да биде ни едниот ни другиот.
Сун Јанг, некогаш најдобриот кинески пливач доби дисквалификација а Хортон неочекувано се појавил на националните квалификации но не успеал да обезбеди виза. Има шанси тој да се појави на трката со штафета на 4х200 метри но приликите се мали зошто во квалификациите за оваа норма тој завршил шести.
ТОМАС РЕЛЕР (копје, Германија)
Релер моќно го освои златото во Рио 2016 со резултат 90,30 (беше близу до олимписки рекорд). Германецот е на трето место на светскиот рејтинг во фрлање копје (пред него се само рекордерите Јан Железни и неговиот сонародник Јоханес Ветер). Пред Токио Томас Релер го повредил грбот и нема да патува на Олимписки Игри.
КРИСТИЈАН ТЕЈЛОР (Троскок, САД)
Тејлор има победи и злата само на големите натпреварувања: 2 олимписки злата (2012 и 2016) и 4 светски злата. Неговиот личен рекорд (18,21 метри) е втор најдобар во историјата на овој спорт и е на 8 сантиметри од светскиот рекорд.
Во Токио летово нема да скока затоа што пролетва во Чешка ја повредил Ахиловата пета.
РАФА НАДАЛ (тенис, Шпанија)
20-кратниот освојувач на Гренд слем турнири и еден од најдобрите спортисти на сите времиња во јуни објави дека ќе ги скокне Игрите во Токио.
35-годишниот Надал призна дека ако сака да ја продолжи кариерата на уште некое време, ќе мора да пропушти некои големи турнири. Овојпат изборот падна на Олимпијада.
СЕРЕНА ВИЛИЈАМС (тенис, САД)
Серена уште на 21 година го освои драгоценото олимписко злато, во Сиднеј 2000 а после уште три пати стигна до овој подвиг - во Пекинг 2008, во Лондон 2012 и во сингл и во парови. Во Рио 2016 исто настапи но не стигна до медал откако сензационално испадна во прво коло. Во Токио ќе отидеше како 39-годишна, па најверојатно и заситеноста и исцрпеноста од постојани турнири ја спречиле да оди на нова Олимпијада.
РОЏЕР ФЕДЕРЕР (тенис, Швајцарија)
Швајцарскиот ас првпат се појави на Олимписки Игри уште во 2000-та кога во Сиднеј го освои четвртото место. Таму се запозна и со својата идна жена Мирослава. Злато во сингл Роџер нема од Олимписки игри (најблизу беше во Лондон 2012 но изгуби во финале). Има триумф во парови на Олимпијадата 2008.
Официјално објави дека нема да оди на ЛОИ летово во Токио поради проблеми со коленото кое лани го оперираше два пати.
СТЕФ КАРИ (кошарка, САД)
Тешката и напорна сезона во НБА придонесе многу ѕвезди да се откажат од учество на Олимписки Игри кои за баскетот на САД отсекогаш биле поважни дури и од Светско првенство во кошарка.
Поради напорниот календар, повреди влечат Леброн Џејмс, Кавај Ленард, Ентони Дејвс, Пол Џорџ, Донован Мичел и други. Сите набројани нема да одат на Олимписки Игри.
До последен момент се двоумел расниот стрелец Стеф Кари, но решил дека подобро за неговата кариера е летово да се одмори и добро да закрепне.
ЛЕБРОН ЏЕЈМС (кошарка, САД)
Меѓународната кариера на Леброн е многу необична. Тој има порази на Светско првенство но и две злата од Олимписки Игри: 2008 и 2012.
Крајот на репрезентативната кариера некако му е нејасен. Тој ќе дојдеше на својата последна Олимпијада ако се одржеше како што требаше лани, затоа што цел живот сонувал да игра за Грег Поповиќ.
Во 2021 година поинтересен му се видел проектот „Ново наследство“, своевиден римејк на култниот филм „Спејс Џем“.
ЈАНИС АДЕТОКУМБО (баскет, Грција)
Јанис од сите светски кошаркари најмногу беше погоден од промената на календарот поради пандемијата. „Грик-фрик“ секогаш се појавуваше на собирите на репрезентацијата на Грција која што му е родна земја и покрај сите потешкотии во детството.
Неверојатниот Адетокумбо периодов игра големо финале на НБА со неговиот Милвоки против Феникс Санс а притоа и неговата Грција не обезбеди пласман на кошаркарскиот турнир во Токио.