Македонската каратистка Пуликсенија Јованоска не успеа да обезбеди пласман во следната рунда во турнирот во кати во Токио на Олимписките Игри за кои доби право на настап преку вајлд-карта и каде стана прв македонски спортист во историјата во овој спорт.
Треба да се има предвид дека таа беше една од само десетте каташки кои се појавија за првпат на едни Олимписки Игри. Пуликсенија беше прогласена за спортист на годината во Македонија во 2019-та година.
Прилепчанката во Токио утрово оствари резултати 23,8 и 24 поени (просечна оценка 23,9) и го освои деветтото место од вкупно десет каратистки кои се појавија во оваа дисциплина.
Македонската каратистка беше последна во својата мини-група каде најдобар учинок имаше Сандра Санчез од Шпанија (27,86).
Последен претставник на нашата земја на Олимписките Игри во Токио ќе биде борачот Магомедгаџи Нуров кој ветува голем успех пред утрешниот настап на турнирот во борење слободен стил.