Најомилениот пар во Холандија кој им донесе 6 олимписки злата

Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг уште не почнати, а репрезентацијата на Холандија веќе има најмногу медали. Имаат три злата, две сребра и две бронзи а најзаслужен за повеќето одличја е неверојатниот Свен Крамер.

Холандскиот поглед на светот е поинаков. На многу нивни сајтови на ударните места ќе го најдете зборот Schaatsen - во превод брзо лизгање.

Нивен најголем херој во последниве години е Свен Крамер, еден од јунаците на нацијата. Колку за опис: Во моментот на слетување во Пјонгчанг, Свен бил трократен олимписки шампион (3 злата), деветкратен светски првак на кратки патеки и 19-кратен шампион на долги дистанци. Уште во 2010 година тој бил почествуван со Орден на Холандскиот лав, највисок орден за заслуги во некогашната светска империја.

Во Пјонгчанг Свен докажа дека му нема рамен и дека е неприкосновен лидер. Го сруши олимпискиот рекорд на 5.000 метри кои ги излизга за 6:09.76. Крамер влезе во историјата како прв лизгач којшто успеал да освои злато и руши рекорди на дури три Олимпијади по ред!

Холанѓанецот царуваше во Сочи 2014 и во Ванкувер 2010 а во Торино 2006 тогаш 19-годишниот холандски гениј изгуби од некогашниот првак Чад Хедрик. Но во Кореа Крамер не стигнал сам. Херој на нацијата и ѕвездата на холандскиот женски спорт Наоми ван Ас која е двократна олимписка шампионка во хокеј на трева е негова девојка. Наоми има златни медали од Пекинг 2008 и Лондон 2012.

Наоми не само што е најдобра во хокеј на трева, туку е добра и на танцувачки подиум на телевизиските шоуа.

Ван Ас и Крамер почнале да се дружат во 2007 година кога се запознале на една гала-вечера. Во тој момент ни тој ни таа немале злато на Олимписки Игри.

Според Крамер, благодарение на средбата со Наоми, тој станал ментално и физички многу посигурен. Во 2008-ма Наоми првпат станала Олимписки шампион откако дала решавачки гол во финалето против Кина.

После неверојатниот триумф во неделата Свен со рацете направил потег којшто на социјалните мрежи се тумачел дека Ван Ас е бремена. Но Крамер демантирал: „Не, не, само покажував накај својот спознор. Тој стално ми вика дека сум одважен на мразот“, рекол шампионот во интервју за NOS.