Репрезентацијата на Бразил на Олимписките игри во Атланта ’96 стигна со младите Дида, Роберто Карлос, Ривалдо и Роналдо - сите големи суперѕвезди на светскиот фудбал неколку години подоцна. Со последниот, можеби и најдобар играч на сите времиња, во Атланта се случила необична историја.
Во моментите кога се играл фудбалскиот турнир на ОИ, Роналдо имал 19 години, но веќе многумина го знаеа по настапите за ПСВ Ајндховен под името Роналдо. Но на Олимписките Игри 96 Феноменот играл под името Роналдињо, од причина што за Бразил настапувал и фудбалерот Роналдо Гуајро, тогаш играч на Атлетико Минеиро кој на дресот во репрезентацијата имал Ronaldo.
Напаѓачот Роналдо, нам познатиот феномен, бил три години помлад од анонимусот Роналдо Гуајро, а како правилото постарите секогаш први да имаат право на избор функционирало и во Селесао, така проблемот бил брзо решен.
Луис Назарио да Лима Роналдо на терен излегувал во дресот со име Ronaldinho, што во превод значи малиот Роналдо.
Интересно, Бразилците со моќен состав, биле во група со Јапонија (0:1), Унгарија (3:1) и Нигерија (1:0). Кариоките го освоиле првото место во групата само благодарение на дополнителни показатели како гол разлика, зошто 6 бода освоиле и Нигерија и Јапонија, но Јапонците останале без плејоф само поради послаба гол разлика.
Во четвртфиналето на турнирот на ОИ, Бразилците без проблем ја совладале Гана со 4:2 а во полуфиналето одново се сретнале со старите познаници од групна фаза, Нигеријците.
Африканската селекција тогаш го имаше можеби најдобриот состав некогаш во својата историја. Дербито заврши со 7 гола, а на крајот славеше Нигерија со 4:3 благодарение на решавачкиот гол на Нванкво Кану во 94’ минута од мечот.
Нигерија стана најголемо изненадување на турнирот откако и во финалето ја победи Аргентина со 3:2 и сензационално стана шампион. Бразил во мечот за 3. место и бронзен медал ја згроми Португалија со 5:0.
Роналдо на Олимписките Игри постигна 5 гола, а еден повеќе од него, 6 постигнаа Ернан Креспо и Бебето. Но скаутите на многу големи екипи во своите тефтери го запишале малиот кој играл под презимето Роналдињо.
Барселона не чекала многу и трансферот на Рони го завршила уште за времето на Олимписките игри во Атланта (постојат многу анегдоти за тоа како Каталонците дошле во САД да зборуваат со него да потпише).
Рони подоцна го освои второто Светско првенство во кариерата, освои 2 Златни топки за најдобар играч на светот и три пати беше прогласен за најдобар играч на годината според ФИФА.
А другиот Роналдо, оној кој го носел ова славно презиме на дресот, Гуајро, исто така имал висок скок во кариерата после Олимписките Игри. Стоперот пет години играл во Бенфика, а подоцна настапувал и во Грција и Турција. Во татковината ја завршил кариерата, но не постигнал успех како неговиот помлад соиграч од репрезентацијата.
Во ваква ситуација со уште еден Роналдо во составот, Феноменот се нашол уште еднаш во кариерата.
На победничката Копа Америка 1999, кога Бразил го освои пехарот, Луис Назарио да Лима играше под своето име, а неговиот помлад соиграч Роналдо ди Азис Мореиера играл како Роналдињо. Токму под тоа име овој млад играч стана и најпознат во светот, освои Злана топка, стана светски шампион, ја освои Лигата на шампионите, Копа Либертадорес и влезе во историјата како еден од нагјолемите.
Да, станува збор за Роналдињо.