Дали се допре плафонот со светски рекорди и спортот не може против природата

Долго време во повеќе дисциплини стојат рекорди од пред неколку години и никако никој да ги урне. Дали се дојде до максимумот на човековите физички резерви или нешто друго е во прашање.

На Олимписките Игри во Токио немаше многу нови рекорди. Не повеќе од претходните Летни Олимписки Игри.

Многумина го објаснуваат овој факт со формата на лидерите и фаворити во секој спорт, наводно глобалната пандемија сериозно влијаела на подготовките на многу атлети и не им дозволила во целост да набилдаат кондиција и снага.

Ако се погледне пошироката слика, очигледно е дека историските достигнувања секоја година се случуваат се помалку. Особено ако се гледаат претходните рекорди во разни спортови и дисциплини.

Некои „плафони“ кога се рекорди во прашање беа достигнати во средината на минатиот век и актуелни се ден-денес. Дали некој некогаш ќе успее да ги собори или веќе стигнавме до границата на човековите способности?

ЛУЃЕТО ИСЦРПЕЛЕ 99% ОД СВОИТЕ МОЖНОСТИ

Луѓето гледаат повеќе спортски дисциплини од причина што сакаат да видат како најдобрите спортисти на светот ќе настапат. Во тоа е тајната на популарноста на најголемиот спринтер на сите времиња - Усеин Болт.

Луѓето, јавноста најчесто следеа како спринтерот од Јамајка од Олимпијада до Олимпијада, од Светско првенство до Светско првенство не се бореше само со своите ривали туку и со своето тело.

Ја памтите и Елена Исинбаева. Таа меѓу првите ја направи борбата за светски рекорд вистинско шоу. Исинбаева речиси секој следен пат за по неколку сантиметри уриваше свои сопствени рекорди (поставила околу 27 светски рекорди).

Голем интерес за нејзината дисциплина скок со стап разбуди и Арман Дуплантис од Шведска кој урна долгогодишни рекорди на епскиот Сергеј Бубка (Швеѓанецот Дуплантис скокна 6,18 и 6,15 во Рим и во Глазгов.

Во други дисциплини се води битка за милиметри или десетици делови од секунда. Дали ова значи дека сме дојдени до максимална можност во човештвото?

Плафонот најмногу го допира атлетиката но таму неретко се случуваат проблеми со допинг скандали и стимулирачки средства од фармакологијата.

Според испитување на францускиот Институт за биомедицински истражувања, човекот во спортот веќе исцрпил 99% од сите резерви на својата природна физиологија.

Проучени се и анализирани повеќе од 3.000 светски рекорди од првата Олимпијада во поновата човекова историја (1896-та година) па се до денес и дошле до заклучок дека ако денес се рушат рекорди, тоа најчесто би било благодарение на надворешни фактори а не на внатрешни. 

ТЕХНОЛОГИЈАТА МУ ПОМАГА НА СПОРТОТ

Подготовките, тренинзите и спортската медотика му овозможуваат на спортистот во целост да го искористи потенцијалот на своето тело. Најдобар пример е оној на Американецот Бил Кох кој смислил нов стил на лизгање во лизгачките спортови. Кога првпат ја користел оваа нова техника, ги зголемил брзината и ефикасноста.

Но секоја физичка сила има своја граница, па колку и да е генијален тренерот а спортистот вреден, мала е веројатноста дека ќе успее да ја совлада природата и да истрча на пример 100 метри за помалку од 9 секунди. Исто е и со техниката на залет за скокачите во вис. Новиот облик на чевли, совршен за патеката може само делумно да влијае врз резултатите, ама не постои друг начин да се премостат границите на невозможното.

На почетокот на Олимписките Игри, стаповите за скокови биле дрвени, најчесто од бамбус и не се виткале за разлика од денешните современи направени од модерен полиуретан.

Максимумот кој е достигнат во „дрвената“ ера е 4 метри и 70 сантиметри. После дошла ера на метален стап кој дал зголемување од само 3 сантиметри и ништо повеќе. 

Новата технологија на композициски материјали и стап од фиберглас (пластифицирано стакло) ја усовршила револуцијата во светската лесна атлетика. Веќе на првите обиди со новите стапови, атлетите надминале скокови над пет метри а сега претендираат веќе над шест метри.

Во таа намера им помага својството на фиберглас кој се состои од пластични материјали како и стаклена влакна.

Неверојатната флексибилност на стакло-пластиката му овозможува на скокачот да го искористи не само замавот со своето тело туку и стапот.

Но не се сите овие примери од современата напредна технологија позитивни. На пример Меѓународната пливачка федерација мораше да забрани капачки костими од полиуретан зошто штом се појавија за пар години во нив се урнаа повеќе од стотина светски и европски рекорди во разни категории.

„Нивната основа (на капачките костими) е од неопрен (полихлоропрен). Се работи за тоа што костумите за капење се покриени со слој кој не се навлажнува и ја намалува водоотпорноста. Тоа овозможи да се развијат големи брзини но при тоа малку се тренираше за достигнување резултати. Во време дури и бодибилдерите можеа да се натпреваруваат во пливање. Дечки кои пливаа бавно ги облекуваа овие костими и пливаа побрзо. Дури и подебелите луѓе можат да пливаат брзо со тие“, раскажал еднаш европскиот шампион Никита Коновалов.

Тогаш Светската пливачка федерација FINA ги прогласи тие комбинезони за „технички допинг“ и донесе нови правила за пливачките костими.