Кам бек на Обрадовиќ во Белград, Гробари се во транс

Партизан ја одби оставката на Жељко Обрадовиќ, а се разбира и навивачите. Илјадници го пречекаа во Белград, каде се врати за да седне на разговор со управата на клубот.

Најтрофејниот тренер во Евролигата со 8 титули, не може така лесно да си замине од Партизан. По поразот од Панатинаикос во Атина понуди оставка, но сепак се врати во Белград и се очекува да остане.

Навивачите направија огромен притисок на социјалните мрежи со хаштагот #ŽocOstani, а синоќа му приредија спектакуларен пречек со бакљи, пароли и песни. Снимките сведочат дека не може да се помине од гужва, а тешко се пробиваше и самиот тој со помош на обезбедување.

Српските медиуми пишуваат дека со неговото евентуално заминување, тоа би било крај на една златна ера на белградскиот клуб. Навивачите, пак, ветуваат дека ќе продолжат со кампањата сè додека нивниот генерал не ја потврди својата одлука.

Неговиот лет од Атина стана најследен на светот според податоците на „Flight Radar“.

По бурните реакции на навивачите, кои не можат да се помират со оставката на најтрофејниот европски кошаркарски тренер Обрадовиќ, од Партизан соопштија дека тој ужива целосна доверба.

28 ноември 2025 - 08:18