Таг: жељко обрадовиќ

Жељко: На играчи како Дивац, Паспаљ, Бодирога требаше само еднаш да им се каже

Човекот со рекордни 9 титули во Евролигата, кој го има кренато трофејот со 5 екипи од вкупни 6 кои до сега ги водеше, во 1 минута кажува пар ствари за повеќе кошаркарски ликови. Со Богдан Богдановиќ имал војна на почеток во Фенербахче и се разбира го скротил.

Обрадовиќ за деконцентрацијата на играчите со телефоните

Веројатно значи нешто ова кога го кажува човек со 64 клупски трофеи од кои рекордни 9 титули во Евролигата, освоени со пет екипи.

Жељко му даде воспитна на навивач и го набрка од терен

Со Обрадовиќ никогаш не знаеш на што си, па макар се работи и за постар господин кој од радост на душата за титулата на Партизан, ќе тргне да се гушка со играчите и стручниот штаб. Цвикерите ќе му ги искршеше од бес.

Величествена кореографија во чест на Жељко Обрадовиќ

Нов меч на Партизан во Евролигата, нов невиден спектакл на Гробари кои повторно згрмија во Штарк арената, но овој пат подготвија и големо изненадување за нивниот тренер. Реал славеше 80:82 и намали на 2:1 во плејоф серијата. Четвртиот меч се игра во четврток, повторно во Белград.

Обрадовиќ: Да возвратиме за феноменалното гостопримство и никој од Реал да не се почувствува непријатно

Жељко Обрадовиќ со сиот свој габарит и искуство, како прав господин уште веднаш после мечот додека е уште врел костенот, веднаш испрати порака до навивачите на Партизан како треба да се однесуваат кога Реал ќе дојде на гости.

Реакцијата на Обрадовиќ за тројката во последна секунда

Во моментот кога Кевин Пантер го фрли Реал Мадрид на колена, а навивачите на Партизан збеснаа, исто како и коментаторот на Спортклуб, веројатно сите очекуваа мирна реакција само од Жељко. Ама и тој експлодираше од емоции, а тоа се гледа на оваа снимка направена од трибини.

Те ставаат портпарол во кошарка и на Жељко Обрадовиќ му се обраќаш со Душко

Студентски Центар од Подгорица го пречекува Партизан во АБА лигата и губи 100:81. Ама во случајов не може да постои поголем лузер од нивниот портпарол. Среќа го фати Душко, овај Жељко расположен.

Фоторепортерска опсада во прв ред на мечот Србија - Грција

Новак Ѓоковиќ, Жељко Обрадовиќ, Дејан Бодирога и Драган Бјелогрлиќ синоќа им отворија многу работа на фоторепортерите во салата Штарк во Белград. Ноле, како и секогаш дочекан со аплаузи.

На Партизан им ја пееја „Чија је ово Звезда“, Обрадовиќ со чаша ќе ги гаѓаше

На предновогодишната прослава на Партизан, пејачот ги измеша брзините. Треба да ги види реакциите на Жељко Обрадовиќ и Предраг Даниловиќ и да заборави на бакшиш цела вечер.

Каде почна да го чува фломастерот асистентот на Жељко Обрадовиќ?

Пред дваесетина дена се појави видео од мечот Партизан - Хувентуд во Еврокупот кое стана хит. Жељко вика тајм аут и на асистентот му бара табла за цртање тактика и фломастер. Таблата ја добива веднаш, ама фломастерот заглавува откако асистентов го фаќа паника.

Жељко пак си ги повреди гласните жици

И после Вујо викал. Каков Вујо, со Обрадовиќ не може никој. Откако го одра грлото по Алекса, потоа се утиша, изгледа се измори од викање, бидејќи ова е последен тајм аут против Андора во Еврокупот од која Партизан загуби со еден поен разлика. Ова викање би требало да влезе во топ 5 во кариерата.

Нејќеш Жељко да ти побара фломастер

Обрадовиќ има нула трпение кон играчите кога не им оди, а нема живци ни за банални работи. Помошникот му ја даде таблата за цртање тактики, ама заглави со најважниот дел и го изнервира легендарниот стратег. Инаку Партизан славеше во 3. коло од Еврокупот над Хувентуд со 68:67.

И Перо од позади му залепи 50че

Што педантни читатели ќе имавме. Коректор без кои се разбира дека не се може. Вчера објавивме видео на кое Жељко Обрадовиќ во друштво со Шарунас Јасикевичиус лепи пари на хармоникаш, ама ни стигна порака во сандаче дека сме пропуштиле важен детал.

Жељко кити хармоника со пари, тренерот на Барселона се чуди

Најтрофејниот кошаркарски тренер во Европа, Жељко Обрадовиќ на едно излегување со неговиот добар пријател Шарунас Јасикевичиус кој е тренер на Барселона , остава еден куп пари на песната „Црне косе“ од Ханка Палдум.

Ново издание на Обрадовиќ, овојпат мирно

Кога колата ќе тргне удолу нема назад. Најтрофејниот европски тренер на сите времиња во 2016/2017 му ја донесе на Фенербахче титулата во Евролига. Сезонава Жељко потпиша сјајни поединци, ја засили екипата, но нешто не оди како треба. Синоќа изгубија 89-63 од Барселона, а Србинот веќе ни сам не знае што да им каже за да почнат да го слушаат. Имаат учинок 2-7 на 9 меча.

Жељко во најјако издание од кога и да е

Најтрофејниот европски тренер и еден од најголемите кошаркарски стратези на сите времиња, Жељко Обрадовиќ на мечот ЦСКА - Фенербахче буквално полуде. Жоц и другпат имал брутални агресии, ама овојпат во Москва беше пуштен на најјако.

Како изгледал првиот и последен Ол-Стар меч и забивањата некогаш во Југославија

Единствениот натпревар на „Сите ѕвезди“ во легендарната југословенска кошарка, се одржал во сараевската сала „Скендерија" на 7 мај 1991 година. Се одржувал духот на братство и единство, но се приближувал ужасот на војната.

Калиниќ, Тевез, Рибери - до врвот на светот со сериозни деформитети

Приказните на српскиот кошаркар и аргентинскиот и француски фудбалер се многу инспиративни. За разлика од многу други, овие тројца никогаш не правеле трагедија од тоа што ги снашло во животот и ги оштетило за век векови. Напротив.

Жељко знае да им вика на играчите, ама знае да поведе и оро

Во Фенербахче Обрадовиќ им е како татко на играчите а за тој однос на времето зборуваше и нашиот Перо Антиќ. Пред неколку дена на Јан Весели му се родило дете а прославата била во ресторан во Истанбул каде Жељко повел едно традиционално орце.

Жељко Обрадовиќ грмеше на тајм-аут

Фенербахче синоќа забележа осма победа на деветтиот меч во Евролигата. Турскиот тим славеше на гости кај Макаби Тел Авив во меч во кој Жељко Обрадовиќ прописно му се изнавика на Костас Слукас.

Жељко Обрадовиќ го потопи помошникот во шутирање тројки

Најтрофејниот европски тренер на сите времиња и предводник на турскиот гигант Фенербахче, Жељко Обрадовиќ му одржа лекција на неговиот помошник тренер Ердем Џан во шутирање тројки.

Антиќ: „Додека е ова раководство не играм за мојата држава“

Речиси ретко кој кошаркар бил толку застапен во регионалните медиуми како што е миленикот и идол на навивачите Перо Антиќ. Нема ден да не се појави на насловните страни.

Голем пречек за Перо Антиќ во Истанбул

Антиќ се врати на местото каде пред неколку месеци се радуваше на историска титула во Евролигата со гигантот Фенербахче, а турските навивачи го препознаа моментот и прекрасно го пречекaа.