Зеленски смета дека на руските атлетичари треба да им биде забрането учеството на Олимписките игри во 2024-та во Париз.
Рече дека обидите на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), сепак да им дозволи учество на Олимпијадата како неутралци (безџ државни/национаслни обелеежја), испраќа порака дека теророт е прифатлив.
„Русија прво мора да престане со агресијата и теророт, и дури потоа е можно да се разговара за учество на руски спортисти на Олимписките игри“, услови тој во еден Фејсбук пост каде објави слики од украински спортисти што тренираат во сали оштетени од војната.
Неговите коментари дојдоа откако МОК изрази намера да им допушти на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат како неутралци, односно како спортисти кои не ја претставуваат својата земја.
Сметаат дека ниту еден спортист не треба да биде забранет само врз основа на пасошот што го поседува. Украина пак се закани дека ќе ги бојкотира Олимписките игри доколку на Русите и Белорусите им биде дозволено учество.
„Западни корпоративни медиуми преплаваат со вести за руската инвазија во Украина, меѓутоа малкумина знаат дека Зеленски последниве месеци има забрането десетина политички партии (вклучувајќи го и главниот опозициски блок), ги укина синдикатите и ги забрани рускиот јазик, музика и култура“, пишавме во статијата „Зеленски ја користи маглата од војната за да ја приватизира Украина“