Зеленски ја користи маглата од војната за да ја приватизира Украина

Западни корпоративни медиуми преплаваат со вести за руската инвазија во Украина, меѓутоа малкумина знаат дека Зеленски последниве месеци има забрането десетина политички партии (вклучувајќи го и главниот опозициски блок), ги укина синдикатите и ги забрани рускиот јазик, музика и култура. После тоа, отиде на Запад и порача дека земјата е отворена за бизнис.

Додека Владимир Зеленски е претставуван како херојска фигура на Запад, тој во Украина ги сузбива сите форми на несогласување со него, одејќи дури и против религиозни групи за кои смета дека не се доволно лојални на неговата администрација.

Додека милиони Украинци чекаат да им дојде ред да бидат регрутирани во војска, други се во страв да не станат мета на властите. На интернет кружат списоци за убиства додека вестите за најновите уапсени политичари се шират на социјалните мрежи.

Макс Блументал е наградуван новинарски авторитет кој има пишувано за Њујорк Тајмс, Ал Џезеира, Салон, Алтернет, ЛА Тајмс и др. а автор е и на неколку книги кои имаат станато и бестселери на Њујорк Тајмс. Денес е уредник на Грејзон а во подкаст на Минтпрес вели дека ова што денес се случува во Украина му личи на Чиле под Пиноче.

„Во стилот на Пиноче, таму владее режим на исчезнувања, атентати, тортура и апсења на опозицијата на Зеленски, вклучувајќи го и неговиот најпопуларен и најгласен противник, лидерот на Украинските патриоти, Виктор Медведчук“, вели Блументал.

Тој потсетува и дека откако ефикасно ги укина синдикатите во целата земја а активисти за работнички права беа испоапсени, Зеленски одлета до Њујоршката берза за на Запад да му порача дека „Украина нуди најповолни инвестициски услови уште од Втората светска војна“.

Според Блументал, во Украина се случува „финансиско силување на јавниот имот“ кој личи на грабежот кој ја уништи руската економија во 1990-тите години.

Ваквите коментари на Блументал веројатно имаат предизвикано негово отповикување за учество на една конференција во Португалија, наводно по лично барање на правата дама на Украина, Олена Зеленска.

***********

Види и:

Арестович, најгласниот советник на Зеленски, даде оставка

Ведрана Рудан: Имат соби

18 јануари 2023 - 13:07