Арестович во разговорот со Марк Фејгин на Јутјуб изјави дека руската ракета што на 14 јануари ја погоди зградата во Днепар всушност била соборена од украинската ПВО.
„Беше соборена и падна на влезот. Како што падна експлодираше,“ изјави Арестович.
Руските медиуми инстантно ја искористија изјавата во своја корист, градоначалникот на Днепар побара од украинското разузнавање да му одговори на Арестович, а украинскиот парламентарец Олексиј Гончаренко, објави дека ќе почне да собира потписи за отпуштање на Арестович.
Неполни три часа пред да ја објави оставката, Арестович на својот Телеграм канал напиша:
„Направив сериозна грешка во програма. Без разлика на причината, гледачите ја слушнаа. Отсега ќе бидам построг со информациите што ги кажувам.
Искрено се извинувам на жртвите и нивните роднини, на жителите на Днепар и на сите кои беа длабоко погодени од мојата избрзана и погрешна верзија за причината за рускиот ракетен напад на резиденцијална зграда.“
Откако ова веројатно на никој начин не го олеснува притисокот врз него, Арестович објави слика од својата потпишана оставка со коментар:
„Дадов писмена оставка на должноста.
Сакам да дадам пример за цивилизирано однесување:
- фундаментална грешка, значи оставка.“