Знам дека нема ни Хрват ни Хрватка кој нема да го извади последното хрватско евро од џеб за на децата бегалци, мајките бегалци и девојчињата и момчињата бегалци од нашата братска Украина да им обезебеди: греење, образование, здравје, бесплатен упис во градинка, бесплатен старски дом, бесплатен стан, бесплатна здравствена заштита, бесплатна…
Нашите хрватски срца се и секогаш ќе бидат отворени кога треба да им се помогне на оние кои страдаат, а Украина страда. Украина толку многу страда поради негативецот Путин што нема цена што Европа нема да ја плати за Украина да престане да страда. Во тоа име, а ако треба и цела Европа, вклучително и нас Хрватите, ќе ги положиме нашите животи на олтарот на нашата татковина Украина.
Заборавив да кажам, без мене.
Јас сум единствената во Европа на која ѝ се ебе за Украина. Ќе ви кажам и зошто, за да не мислите лошо за мене. Како и вас, и мене ми се допаѓа кога луѓето мислат дека сум емпатична и дека ќе го извадам последното хрватско евро од мојот хрватски џеб и ќе го дадам на некој што страда. А сепак, како што реков, ми се ебе за Украина.
„Курво безосетна, комуњаро недоебана, четникушо,“ слушам како блуете хрватски бес кон мене, Хрватката нехрватка. Опуштете се, ќе ви објаснам.
Украина, како што сите знаеме, го има претседателот Зеленски, познатиот американски куросвирец. Знам, ама понекогаш сепак треба да се утврди градивото. Зеленски е најдобриот курцопијанист на светот. Погорелиќ не му е ни до колена. Да му беше, може Американците на него ќе фрлеа око. Значи, Зеленски свири со курот, ама не свира курцу.
Шти значи да „свириш курцу“? Тоа значи да работиш безвезна работа, да се занимаваш со нешто некорисно. Е, Зеленски не е тој. Тој сигурно не ѝ користи на Украина, и не треба, платен е да ѝ користи на Америка и да ја ебе Европа, што му успева, ама тоа не е сè.
Вашиот Зеленски, скриен во некоја питај бога која дупка, се занимава со вистинската работа. Кога не им држи предавања на европските водачи и кога од нив не бара тенкови, ракети и атомски бомби, или забрана за влез на Руси во Европа, тогаш Зеленски контактира агенција која се занимава со изнајмување недвижнини.
Не сум јасна. Овие денови дознавме дека херојот, генерал и куросвирец има вила во Тоскана, да, во Тоскана, па нема ваљда да има во Киев, па со агенцијата договарал изнајмување кое изнесува 50.000 евра (Извор: Кориере Дела Сера и други).
Не, не е тоа сè. Агенцијата нашла некои Азијати кои биле подготвени да ја изнајмат вилата но во последен час откажале, па Зеленски од својата дупка бил одушевен кога слушнал дека вилата ќе ја изнајми руска двојка која живее во Лондон. Пукна резил.
Ма, не, не, не затоа што Зеленски за време на војната во нашата Украина има време да се занимава со изнајмување на својата вила во Тоскана, вила во Тоскана на секој може да му се случи, туку некои на куросвирецот му припишуваат непринципиелност. Од нас Европјаните се бара на Русите да не им дадеме ни капка вода ако налетаме на нив на некој пат, а тој е спремен за кеш да ја отстапи својата вила на Руси.
Ве изненади тоа, нели? Мене не, бидејќи живеам во Хрватска и знам како функционираат генерали. Сите зборуваат исто: „Стоко, еве ти оружје, цркни за татковината! Тебе гроб, мене вила“. Сепак, под притисок на европската јавност, Зеленски веќе нема да ја изнајмува вилата на Руси. Вам ќе ви ја изнајми, ако решите да дадете неколку десетина илјади евра на планетарниот јунак на 21-от век и борецот за вашата, мојата, европската и светската демократија и слобода. Во тоа име, долго нека ни поживее Америка!
Не сум завршила. Додека светот, додуша кратко, се стресе од бизнисот на оној куросвирец, и ние Хрватите дознавме дека имаме генерал кој сака недвижнини. На сите нам познатиот херој од Татковинската војна, генерал Чермак, кој којзнае колку пати го има положувано животот на олтарот на Татковината, но олтарот секогаш му има викано, одјеби, има други, ја купил најубавата вила во Опатија (извор: само Индекс).
Не, не и не! Не реков, дури не ни помислив дека ми е чудно како генерал од Татковинската војна извадил толку пари. Знам, сè е чисто, сè е легално, сè е со крвав труд заработено. Додуша, познавам некои херои од Татковинската војна кои наоколу акаат со голи газови, ама сигурна сум дека тоа биле херои за курац.
Големината на херојството се мери со количината евра кои ги имаш. Би било пакосно и неблагодарно да се порекнува сето она со што херојот и генерал Чермак ја има задолжено Хрватска. Јас не знам што е тоа, ама зналците знаат. Мене ми е познат само овој негов последен херојски чин. Тој вилата во Опатија ја купил од Руси и така ни ја ослободи единствената ни Хрватска од еден Рус, пичка му матер руска, да даде господ семето да му се сотре! Ма баш добро го кажав тоа!
Да! Да не заборавам. СЛАВА НА УКРАИНА! Да. Да не заборавам. „НЕКА НИ ЖИВЕЕ ЕДИНСТВЕНАТА И ВЕЧНА ХРВАТСКА“*
* Фрањо Туѓман.
***********
Види и: