И мене и вас нè вознемирува војната меѓу Русија и Украина. Кoга ќе се сетам дека она дрониште можеше да падне на кров на зграда во која имаше студенти, ми се смрзнува срцето. Кој ни го прати не знааеме, ако ние воопшто сме биле цел. Фактот дека можеме да бидеме цел ја смрзнува крвта во жилите. Да, Путин ни е преблиску.
Путин? Путин. Путин. Путин. Путин. Нема медиум во Европа и Америка што илјада пати не го прогласил за „воен злосторник“. За неговиот противник, сега веќе легендарен војсководец, поголем од Наполеон и Черчил и Цезар, идниот добитник на Нобеловата награда за мир., се зборува нешто потивко. Се заборави дека човекот влезе во историјата како пијанист кој свири со курот. Зеленски денес го држи курот во маслинести панталони, на градите маслинеста маица, скромен човек, Че Гевара од нашите денови. Светскиот борец за слобода им се обраќа на сите парламенти на „цивилизираните“ земји и ги обвинува дека не му испраќаат уште оружје, и уште и уште. И уште повеќе санкции за Русија и уште и уште и уште.
Новинари, кучињата на војната, р'жат како што им кажуваат нивните газди. Сите знаат колку деца уби Путин пред кои беше животот. Путин Хитлер, Путин убиец на деца. Еј, деца умираат во секоја ебена војна. Во секоја. Само што некогаш бројките излегуваат а некогаш се прескокнуваат. На мојата страница објавив информација која сите ја знаеме, во Ирак се убиени 500.000 деца. Озлогласената Медлин Олбрајт гласно и јасно изјави дека таквата цена не била превисока.
За кого таа не беше превисока? За Америка, нормално. За Буш. Додека Америка и Западот на правдина го силуваа Ирак, ниту еден новинар никогаш не го прогласи Буш за Хитлер. Оние деца загинаа, а не само деца, за американските криминалци да се докопаат до нафта. Смее ли да се спомене Газа? Колку деца таму гинат додека новинарите се креваат на задни нозе поради детски трупови во Украина? Се разбира, не смееме да пишуваме на оваа тема. Има војни за слобода, на пример тоа е секоја војна во која државата Израел убива деца, и државата Америка и „цивилизираните“ европски држави.
Немате поим каде е Јемен? Ниту јас. Случајно налетав на неколку реченици од почитуваниот новинар на Вечерњи, Хасан Хајдар Диаб. Па ќе каже: „Поради нападот на Саудиска Арабија и нејзините сојузници, 25 милиони луѓе во Јемен се на работ на бедата, а четири милиони деца гладуваат.“ Тие не се важни. Тие не се бели. Тие се далеку. Постои само Путин Хитлер.
Го сакам Хитлер? Ебете се. Ги сакам моите деца и мојата мачка, но не сакам кога кога медиумите простачки ме заебаваат и ми продаваат куросвирец за херој. Не го сакав ни Клинтон кој ја преплави Европа со осиромашен ураниум. Да, Европа, не Белград. Дали некој од „демократските“ новинари тогаш го прогласи Клинтон за Хитлер? На ѓубрето тоа не му паѓаше на памет. Осиромашениот ураниум, пак, во медицинските кругови на „цивилизираните“ земји стана безопасна прашина. Нешто како полен. Хитлер Клинтон беше и останува борец за демократија. За неговата големина ќе сведочат милиони идни мртви европски деца.
А Обама? Колку деца беа убиени од таа одвратна црна кукла движена од конците на белиот капитал? Кој уште се сеќава на либиските деца? Се разбира, во приказната за Либија, Гадафи беше Хитлер. Обама ќе влезе во историјата како миротворец. На крајот на краиштата, господинот ја доби Нобеловата награда за мир.
Секоја војна, покрај ужасите, носи и многу убави приказни за добри луѓе кои вдомуваат несреќни бегалци. Милиони луѓе бегаат од Украина. Сите „цивилизирани“ европски земји ги примаат со раширени раце, ама не и Америка, затоа што тоа не е нејзина војна. Ха! Ха! Паметно и практично и евтино. Америка „само“ продава оружје и планира да извезува гас, а не да увезува бегалци. Кога Хитлер ќе се смири.
Ние, пак, додека ги шириме рацете за белите Украинци, не слушаме, не гледаме и не читаме што прави нашата држава со темните бегалци на нашата граница. Им ги крши црните глави, им краде пари и мобилни телефони. Колку деца со чоколадна боја загинаа во Хрватска? Кому му е гајле. Кој ги ебе. Тоа не се деца, тоа се терористи.
Хрватска, „цивилизираната“ нула на мапата на светот, ги отвори вратите за белците. Ќе им обезбедува покрив, образование, работа, струја, вода, храна. Кој ми е мене курац? Имам нешто против? Јас? Единствената во Европа? Како можам да бидам толку луда? Затоа што само лудара им поставува прашање на нашите властодршци: зошто веќе 30 години не не ги гледате страдањата на вашиот народ? Хрватите се бегалци поради вас. Хрватите немаат кров заради вас. Хрватите се гладни поради вас.
Вчера бев до фурна. Влезе момче од осмолетка. Уредно, љубезно, чисто. Сакаше да купи „нешто најевтино“. Ама и тоа му беше прескапо. Мојата пријателка учителка им плаќа ужина на четири деца кои одат во училиштето каде што работи затоа што срцето ѝ се кине. Знаеме колку деца загинаа во Украина. Колку деца умираат од глад во Хрватска?
Е, сфаќам јас, не ја спомнав клучната работа што ја разликува оваа војна меѓу Америка и Русија од сите други војни. Путин има атомски бомби. Да ми се јавеа Американците, пред да тргнат да го обучуваат зелениот Че Гевара, ќе им ја откриев таа информација. Сега е доцна.
Не серете! Путин не е херој од моите соништа. Само не сакам да голтам срања.