„О мој Боже! Светски рекорд од осма патека! О мој Боже!“, урлаше Мајкл Џонсон од коментаторската кабина на БиБиСи. „Никогаш во животот не сум видел такво нешто од 200. метри па до крајот. Можеби трчаше побрзо во вторите 200 метри отколку во првите. Секоја чест на ова момче. ова беше невиден масакр на Вејд ван Никерк“.
DA congratulates #WaydevanNiekerk for Olympic world record - @SollyMalatsi https://t.co/RrzbDyIy6K pic.twitter.com/yipLg5bgCZ
— #KhulaDA (@Our_DA) August 15, 2016
„Сонував за вакво нешто кога бев дете и верував дека е можно. Мило ми е што работите ми одеа во корист. Фала му и на Мајкл Џонсон кој ни беше така светол пример“, кратко изјави 24-годишниот Ван Никерк.
„Таа е неверојатна жена која што одигра огромна улога во она што јас сум денес. Ме научи да бидам дисциплиниран и фокусиран на својата улога. Благодарен сум и што туркаше до крајни граници“, изјави новиот светски рекорд на 400 метри.
74-годишната Бота 25 години работела на Универзитетот Фри Стејт заедно со Ди-Би Принсл кој вели дека таа и новиот шампион се многу блиски.
„Таа некако создаде позитивно опкружување за неговиот тренинг, го заштити, но истовремено не остави простор за глупирање - има кодекс на однесување, правила и стандарди и многу се потпира на дисциплината. Со неа Вејд секогаш знае на што е и ја користи нејзината мудрост“, вели Принсл за „Тени Анс“ како што ја викаат нејзините ученици (Тени на Африкански/бурски јазик значи тетка.).
Анс Бота потекнува од Намибија и почнала да работи како атлетски тренер во ’60-те години, првин со своите талентирани деца, а потоа со другите ѕвезди.
„Благословена сум затоа што немам никакви здравствени проблеми, а тоа е затоа што сум опкружена со млади луѓе. Не размислувам да се повлечам, затоа што мојата страст е преголема.
Необично, Вејд во Рио дошол со дури 10 членови на семејството, меѓу кои родителите, баба му и дедо му како и девојка му Чесни Кембел. Посебна инспирација на Вејд му била мајка му Одеса која што во услови на апартхејд и граѓанска војна била фантастичен тркач на 100 и 200 метри, но поради политичките околности не можела да се пробие на меѓународен план.
Сега конечно очекувала да го види својот син со златниот медал на вратот а сега се поставува ново прашање, до каде се границите?
„Толку е млад, дали може да оди под 43 секунди? Тоа е нешто што јас мислев дека можам, но никогаш не успеав. Усеин Болт наскоро ќе се повлече и Вејд би можел да биде нова ѕвезда на нашиот спорт“, изјави Мајкл Џонсон синоќа на БиБиСи.
Вејд е единствениот човек во историјата на атлетиката којшто трчал под 10 секунди на 100 метри, под 20 секунди на 20 метри и под 44 секунди на 400 метри.
Претходниот рекорд од 43,18 кој на 400 метри го држеше Мајкл Џонсон, легендарниот Американец кој го сруши 11 години стариот рекорд на Бач Рејнолдс од 43,29: